Столтенберг во Берлин побара побрза испорака на ново оружје во Украина

January 24, 2023
1 min read

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг повика во Берлин за побрза испорака на ново оружје за Украина, откако Полска официјално побара дозвола од Германија да испрати тенкови „Леопард 2“ во Киев за поуспешна борба против руските сили.

„Во овој клучен момент од војната, треба да испорачаме посилни и понапредни системи во Украина и тоа треба да го направиме побрзо“, рече Столтенберг по разговорите со новиот германски министер за одбрана Борис Писториус.

Столтенберг рече дека разговарал со Писториус за испраќање напредни тенкови во Украина и додаде дека консултациите меѓу членките на НАТО ќе продолжат, изразувајќи уверување дека наскоро ќе се постигне решение, пренесе НАТО.

Тој изјави дека Русија не треба да се потценува и дека нејзиниот претседател Владимир Путин „докажал дека е подготвен да плати висока цена за неправедната војна“ против Украина.

„Путин мобилизираше повеќе од 200.000 војници. И набавува ново оружје од други авторитарни режими, како Иран и Северна Кореја. Единствениот начин за траен мир е да му се стави до знаење на Путин дека нема да победи на бојното поле. Затоа треба да и обезбедиме на Украина посилни и понапредни системи за да може да ги одбие нападите на руските сили“, додаде тој.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Град Скопје достави препораки до општините

Следно

Сантош ја презеде репрезентацијата на Полска, доби задача избори пласман на ЕП 2024

Latest from Blog

“Гледам дека е во тек ТРАЕН РАЗВОД ПОМЕЃУ АМЕРИКА И ЕВРОПА“

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес во Давос изјави дека од говорот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на Светскиот економски форум заклучил дека „политичкиот развод“ меѓу Соединетите Американски Држави

Мицкоски: За два ипол пати ќе порасне потреба од електрична енергија, Македонија нема да биде нем набљудувач на тие процеси

Добар ден Македонијо! Добар ден од Давос, го започна премиерот Христијан Мицкоски своето видео обраќање до македонската јавност по успешниот ден во Давос. Во обраќањето, тој истакнува: „Денеска имавме, би рекол, многу
Go toTop