Хамас ослободи уште 13 израелски заложници, кои пристигнаа во Израел

November 26, 2023
1 min read

КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа на полноќ го потврди ослободувањето на 13 израелски заложници од втората група во рамките на договорот за размена на заробеници со палестинската група на отпорот, Хамас, пренесува Анадолу.

„Владата на Израел ги пречекува 17-те заложници кои се враќаат во Израел“, се вели во соопштението на Кабинетот на Нетанјаху. Во него се додава дека „13 наши државјани и четворица тајландски државјани, се на пат кон израелска територија“, беше објавено синоќа.

Во соопштението се повторува израелскиот став и посветеноста за ослободување на сите „заложници и исчезнати“ од Газа.

Израелската војска потоа соопшти дека ослободените заложници „се на израелска територија и се придружувани од (израелските) специјални сили“.

Во меѓувреме, Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) го потврди ослободувањето на 17 заробеници (израелски и тајландски државјани) кои беа држени во Газа.

Израелската страна ослободи 39 затвореници од израелските затвори во втората размена, меѓу кои шест жени и 33 малолетни лица.

Според договорот, заложниците и затворениците ќе бидат ослободувани во групи во текот на четирите дена од хуманитарната пауза.

Израел започна масовна воена кампања во Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври.

Оттогаш во израелските напади загинаа најмалку 14.854 Палестинци, од кои 6.150 деца и над 4.000 жени, според здравствените власти во енклавата.

Бројот на загинати во Израел, според официјалните податоци, изнесува 1.200.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претпладне слаб снег, преку ден и вечерта студено и ветровито

Следно

Утрово најстудено на Попова Шапка – најмногу снег во Дебар и Ѓуриште

Latest from Blog

Трамп го повика Путин на Флорида

Рубио ги даде овие забелешки по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк. „За да се решат проблемите, мора да се

Арсенал тргнува по германски репрезентативец од Премиер лигата

Арсенал сериозно го разгледува Кевин Шаде како потенцијално засилување, а Топчиите би можеле да направат конкретен чекор за германскиот репрезентативец уште во јануарскиот преоден рок. Според информациите, крилниот напаѓач на Брентфорд е

Руски воен хеликоптер навлезе во полскиот воздушен простор, подигнати се борбени авиони

Полска подигна борбени авиони како одговор на инцидентот, додека копнените сили и системите за противвоздушна одбрана останаа во состојба на готовност. Нарушувањето на воздушниот простор се случи во 11:08 часот северно од
Go toTop