(ВИДЕО) „Се пробивме по еден час“ – отежнат сообраќајот на патниот правец Кичево-Стража

November 25, 2023
1 min read

На патниот правец Кичево – Стража сообраќајот се одвива отежнато поради снежната покривка што се создаде во текот на денот. Возач кој „заглавил“ во колоната со возила што се создала, вели дека долго време имало блокада на патот на околу пет километри од Кичево кон Стража. Тој ни испрати и видео на кое се гледа колоната возила.

„Се извлековме по еден час стоење и бавно движење. Кон Кичево, Колари и Зајас веќе е нормализирано“, раскажува тој.

Претходно од Центарот за управување со кризи информираа дека сообраќајот на патниот правец преку превојот Стража е во прекин поради попречено возило на патот кај „Тајмишка раскрсница“.

Од Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта известија дека сообраќајот на патниот правец Гостивар – Стража, пак, е оспособен за сообраќај, а забраната за тешките товарни возила се уште е во сила.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Со толку пари, Хамас ќе преживее секаква инвазија на Газа

Следно

Тригодишно дете меѓу заглавените на жичарата на Водно, ги спасуваа полициски екипи

Latest from Blog

Утре портокалова фаза, температури до 40 степени

Многу топло време со високи температури и мала до умерена облачност ќе биде за време на викендот и следната седмица. Управата за хидрометеоролошки работи на својата фејсбук станица објави дека утре ќе

Кога сезоната ќе почне, трибините ќе бидат празни кога ќе игра еден гигант во Серија А!

Кога на 22 август ќе започне јубилејната 125-та сезона од италијанското фудбалско првенство, а воедно и 95-тата, која се игра според двокружниот систем базиран на бодови, немојте да се изненадите ако ги

22,7 милиони денари промет на Берзата – најголем интерес за банкарските акци

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 07.08.2026 заврши со благ пораст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.243,19 поени. Во
Go toTop