Средба на Европскиот сојуз за промени со евроамбасадорот Гир

November 20, 2023
1 min read

реклама


 Лидерите на Европскиот сојуз за промени денеска оствариле средба со евроамбасадорот Дејвид Гир. На средбата, ја потврдивме нашата определба за нашиот пат кон Европската Унија и го информиравме за сите наши заложби во оваа насока, се наведува во соопштението од Беса.

– Меѓу другото, разговаравме и за актуелните случувања во земјата, за пречките и предизвиците што ја оддалечуваат земјата од интегративните процеси, слично како и наодите на Европската комисија, за неможноста на оваа Влада да постигне напредок, кои се подеднакво вознемирувачки за нас како опозиција и за граѓаните на нашата држава. Впрочем, ваквиот извештај ја запечатува потребата на нашата соработка, давајќи ѝ појасно значење и насока на оваа коалиција, за заштита на стратешкиот интерес на земјата, што е во застој поради оваа делегитимирана и корумпирана власт, пишува во соопштението.

реклама

Евроамбасадорот бил информиран и за нивниот кандидат за член на Државната изборна комисија (ДИК).

– Го потенциравме фактот дека отсуството на член на албанската опозиција во ДИК е спротивно на европските вредности и стандарди, бидејќи таквата постапка ни овозможува да сфатиме дека изборниот процес има тенденција да се манипулира и може да биде нерегуларен и недемократски. Доколку се узурпира ова право на албанската опозиција, тогаш граѓаните и меѓународниот фактор треба сериозно да бидат загрижени за транспарентноста и објективноста на овој процес. Затоа, ги повикуваме сите, без исклучок, согласно своите надлежности, да се заложат и да обезбедуваат претставник за албанската опозиција во ДИК, се додава во соопштението.

реклама

Тие го информирале евроамбасадорот и за целите на Европскиот сојуз за промени, поточно за плановите за следниот период. Се истакнало оти ќе се залагаат за демократски изборен процес, за проширување на коалицијата со другите субјекти, за зачувување на европскиот дух, но и за зачувување на општата стабилност. 

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Крстот на Попова Шапка причина за преписки – Ковачевски го критикува Касами, реагира Беса

Следно

Мицкоски од Струмица: Од тоа што ветија, ништо не испорачаа!

Latest from Blog

Божиновска ќе се сретне со американскиот секретар за енергетика на трансатлантски форум во Атина

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе присуствува на Шестото партнерство за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC), што ќе се одржи во Атина, Грција, по официјална покана од американскиот секретар

Шведска воведува затвор за 13-годишници

Шведскиот премиер Улф Кристерсон во септември објави планови за намалување на возраста за кривична одговорност за најтешките кривични дела, вклучувајќи убиство и тешка експлозија, од 15 на 13 години. Реформата на законот

Проданоски: Почит кон културното наследство на Прилеп – ѕвезда на Коста Смилески

Синоќа во Прилеп, заедно со членовите на семејството на Коста Смилески, беше откриена ѕвездата на патеката на познатите прилепчани, посветена на еден од најзначајните музички дејци на градот и македонската култура. Коста
Go toTop