Дали ќе се легализира и крстот во Попова Шапка? – Касами не зборува конкретно, Османи обвинува дека е дело на Беса

November 18, 2023
1 min read

реклама


Градоначалникот на Тетово, Билал Касами денеска беше во Попова Шапка за да го промовира асфалтирањето на дел од патот. Се обидовме да дознаеме што ќе се случи со крстот кој се наоѓа таму, но Касами не одговори, под изговор дека е тука за проект кој треба да се промовира. А зборувајќи за урбанистичкиот план и легализацијата што ќе се направи, Касами рече дека ќе се легализираат сите верски објекти и нивните придружни објекти, но без да прецизира дали и ново поставениот крст е дел од оваа легализација.

Биљал Касами: Во урбанистичкиот план е предвидено верските објекти, црквата, џамијата и верувам дека ќе се среди ова прашање во врска со легализацијата на овие верски објекти.

реклама

-Значи ќе биде и крстот?

Биљал Касами: Зборувам за верските и придружните објекти од православната вера џамијата како целина како верски објекти на муслиманите.

реклама

Вчера Касами, говорејќи во име на албанската опозиција, имајќи ги покрај себе партнерите од Европскиот сојуз за промени, Меџити и Гаши, покрена сомнеж дека со поставувањето на крстот се создава впечаток дека некој намерно сака да направи инциденти и да создаде конфликт кај граѓаните. За ова ги обвини партиите од власта, СДСМ и ДУИ.

Денеска и ДУИ упати слично обвинување. Потпретседателот и портпарол на ДУИ, Бујар Османи вели дека Крстот во Попова Шапка е идеја на Беса и националистичките партии за да добијат поени во предизборниот период во недостиг на понуди и програми за подобар живот за граѓаните.

реклама

Додека оваа дебата се одвива во дистанца, каде партите меѓусебно се обвинуваат за поттикнување тензии, некој отиде уште подалеку. Директорот на Центарот за управување со кризи, учесник во вооружениот конфликт во 2001 година, преку статус на социјалните мрежи се закани дека доколку некој се обиде да го допре крстот, тој и неговите соборци од 2001 година ќе организираат заштита на истиот.

„…ги предупредувам албанските политички фактори во државата, никако да не ги споменуваат зборовите “отстранување” или “рушење” во иста реченица со крстот на Попова Шапка. Во спротивно, јас како граѓанин, со некои мои пријатели од 2001-та ќе организирам негова одбрана. А вие пробајте да го срушите“, порача Стојанче Ангелов.

Крстот во Попова Шапка деновиве беше поставен во рамките на комплексот на Манастирот „Свети Науми Охридски Чудотворец“. Дозвола за градба нема, а тоа го утврдила и општина Тетово преку Инспекторатот.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Литературата во време на конфликт“ – дебата во Чифте амам

Следно

Костадиновска-Стојчевска: Се уште има време да се затвори прашањето за изборите

Latest from Blog

ЈКП Комуналец – Прилеп: Продолжуваат активностите за уредување на јавните површини

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп извршија поправка на оштетените куќарки во паркот кај Основниот суд Прилеп, еден од најпосетените паркови во градот. Станува збор за простор кој важи за едно од омилените

Борче Димитровски: ОУ „Даме Груев“ добива современи спортски игралишта

Со стартот на новата градежна сезона, започна реализацијата на уште еден значаен проект во Битола – изградба на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“. Како што информираше секретарот на Општина

Хоџа: Продолжуваме со силни инвестиции во Арачиново

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, и градоначалникот на Арачиново, Даут Беќири, на денешната работна средба го потврдија напредокот на клучните инфраструктурни проекти во општината. Во моментов се активни
Go toTop