Османи: Ние ќе го поддржиме секое решение – дали одвоени или заеднички избори, ДУИ е во најкомотна позиција 

November 18, 2023
1 min read

реклама


Се уште сме во фаза на одредување дали изборите ќе бидат заедно или одвоени и кога и од тоа ќе зависи како ќе пристапиме во однос на изборите, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи одговарајќи на прашање дали неговата партија ДУИ на изборите ќе има свој кандидат или заеднички со коалициските партнери.

-Ставот наш останува, оставаме на другите да одлучуваат. Ние ќе поддржиме секое решение – дали одвоени или заеднички избори. Ги кажавме аргументите зошто би било подобро да се заедно, но нека решат останатите затоа што, можеби  е нескромно, но ДУИ е во најкомотна позиција сега поради тоа што во овој мандат испорача најмногу од тоа што е ветено во предизборието и сите внатрешни анкети покажуваат дека ДУИ е недвосмислен победник на наредните избори, изјави Османи, одговарајќи на новинарски прашања по промовирањето пригодна  поштенска марка по повод претстојниот Министерски совет на ОБСЕ во Скопје.

реклама

На прашањето дали во периодот на техничка Влада се гледа како премиер и дали во неговата партија е разговарано за конкретни имиња како кандидати за претседател на Владата, Османи одговори дека „во ДУИ се расчистува дебатата“ околу тоа кој ќе биде нивниот предложен кандидат.

-Нема се уште одлука, има повеќе разговори и анализи, но треба да се состанат партиските тела за формално да предложиме кандидат и нема да коментирам се додека тој разговор не биде на партиските тела, одговори Османи. 

реклама



VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелската војска под присила депортирала пациенти и бегалци од болницата Ал Шифа

Следно

Агим Винца и Амет Селмани добитници на државната награда ,,22 Ноември“

Latest from Blog

Меџити: 25 години по Охридскиот договор, еднаквоста мора да се гледа во животот на граѓаните

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска истакна дека 25 години по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, одговорноста е да се зачуваат стекнатите права, да се институционализираат и

МВР: Не е точно дека на 700 Филипинки им е дадено македонско државјанство

Министерството за внатрешни работи ги демантира наводите дека 700 државјанки на Филипините, кои се наоѓаат во Австралија, добиле македонско државјанство и македонски пасоши. „Станува збор за целосно неточни и непроверени информации. Министерството

Николоски: Нови авиолинии и инвестиции се можност за забрзан развој на туризмот

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски оствари средба со претставници на „Корендон“, една од најголемите туристички групации во Европа, на која било разговарано за можностите за нови инвестиции, развој
Go toTop