Бајден изјави дека и понатаму го смета кинескиот претседател Си Ѓинпинг за диктатор

November 16, 2023
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот претседател Џо Бајден синоќа по средбата со својот кинески колега изјави дека сè уште го смета Си Ѓинпинг за „диктатор“, пренесува Анадолу.

„Па, гледате, тој е. Мислам, тој е диктатор во смисла дека е лик што води држава која е комунистичка земја заснована на форма на власт што е сосема поинаква од нашата“, рече Бајден на прес-конференцијата по состанокот со Си.

Бајден истакна дека одржал „конструктивни и продуктивни“ разговори со Си во Сан Франциско, Калифорнија, на маргините на Азиско-пацифичката конференција, додавајќи дека верува дека постигнале „некој важен напредок“.

Американскиот претседател најави дека САД и Кина повторно ја започнуваат соработката против нелегалната трговија со дрога.

Бајден, исто така, го опиша како клучно важно тоа што двете земји ја обновуваат воената комуникација, што го отвора патот за „јасна и отворена“ комуникација меѓу одбранбените институции за да се избегнат погрешни проценки од која било страна и да се спречи судир.

Американскиот претседател најави и дека Вашингтон и Пекинг ќе ги соберат своите експерти на разговори за ризиците од вештачката интелигенција.

Осврнувајќи се на Тајван, Бајден рече дека му ја нагласил на Си важноста на мирот и стабилноста во Тајванскиот Мореуз, и исто така јасно ставил до знаење дека не очекува никакво мешање во изборите во Тајван, кој Кина го гледа како своја територија, закажани за јануари следната година.

Бајден, исто така, истакна дека ќе продолжи да води дипломатија на високо ниво со Кина во наредните месеци.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Советот за безбедност на ОН усвои резолуција за хуманитарна пауза во Газа

Следно

С.Б. од Скопје го освои сензационалниот ВЛТ џекпот вреден 20 890 990 денари

Latest from Blog

Ги знае ли некој овие играчи: Ова е составот на Италија за пријателските!(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/NazionaleCalcio/ Привремениот селектор на италијанската фудбалска репрезентација, Силвио Балдини, објави практично нов состав за претстојните пријателски натпревари против Луксембург и Грција. Веста официјално ја објави Италијанската фудбалска федерација (FIGC). Селекцијата е преполна

Тројца загинале во Уганда- се судриле со слон

Полицијата соопшти дека уште четири лица се повредени во несреќата, што се случила во Националниот парк Мерчисон Фолс на северозападниот дел од земјата во недела навечер. Седум службеници на Управата за приходи

Малолетничка со породилни болки донесена на Гинекологија, мајката приведена

Малолетничка со породилни болки вчера била донесена на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, по што интервенирала полицијата, а нејзината мајка била приведена. Според информациите од МВР, случајот бил пријавен
Go toTop