Шефот на СЗО: „Извештаите за упадот на израелската Армија во болницата Ал-Шифа се длабоко загрижувачки“

November 15, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Шефот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејсус, денес изјави дека извештаите за упадот на израелската Армија во болницата Ал-Шифа во Газа се „длабоко загрижувачки“, јавува Анадолу.

„Изгубивме контакт со здравствениот персонал во болницата“, изјави Гебрејсус на социјалната мрежа Х, додавајќи: „Длабоко сме загрижени за нивната безбедност и безбедноста на пациентите.“

Израелската Армија утринава изврши упад во болницата Ал-Шифа, најголемата здравствена установа во регионот во која се сместени илјадници пациенти и раселени цивили во Газа.

Израел тврди дека припадниците на палестинската организација Хамас ја користеле болницата како база, тврдење што го негираа и Хамас и болничките службеници.

И покрај статусот на Ал-Шифа како цивилна установа, таа беше бомбардирана, како и нејзината околина, а недостигот на гориво и медицински материјали поради блокадата на Израел ја отежна медицинската нега.

Според најновите податоци на палестинските власти, најмалку 11.320 Палестинци загинаа, вклучувајќи над 7.800 жени и деца, а повеќе од 29.200 други се повредени.

Илјадници згради, вклучувајќи болници, џамии и цркви, исто така се оштетени или уништени во немилосрдните воздушни и копнени напади на Израел врз опколената енклава од минатиот месец.

Бројот на загинати во Израел изнесува околу 1.200, според официјалните бројки.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Концерт на црногорскиот пијанист Владимир Домазетовиќ на ФМУ

Следно

Возачот кој усмрти дете на „Пластичарска“, доби казна затвор од две години и три месеци

Latest from Blog

Тројца загинале во Уганда- се судриле со слон

Полицијата соопшти дека уште четири лица се повредени во несреќата, што се случила во Националниот парк Мерчисон Фолс на северозападниот дел од земјата во недела навечер. Седум службеници на Управата за приходи

Малолетничка со породилни болки донесена на Гинекологија, мајката приведена

Малолетничка со породилни болки вчера била донесена на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, по што интервенирала полицијата, а нејзината мајка била приведена. Според информациите од МВР, случајот бил пријавен
Go toTop