Заменик-шефот на администрацијата на Зеленски поднел оставка

January 24, 2023
1 min read

Во објавата на Телеграм, соработникот на украинскиот претседател не ја наведува причината за оставката, но украинските медиуми јавуваат дека Тимошенко е можеби дел од кадровските смени што го најави Зеленски

Заменик-шефот на претседателскиот кабинет на Украина, Кирило Тимошенко, на почетокот на оваа недела побарал од претседателот Володимир Зеленски да го ослободи од должноста, јави Ројтерс.

Според украинските медиуми, Тимошенко бил вмешан во неколку скандали поврзани со неговата лична употреба на скапи автомобили, наводи што тој ги демантира.

Тој во објава на својот профил на Телеграм му се заблагодари на украинскиот претседател за довербата и за можноста, како што вели, за правење добри дела секој ден и секоја минута.

„Му благодарам на секој шеф на регионалните воени администрации. Вие сте вистински воини на светлината!Благодарност до градоначалниците за конструктивност во споровите. Благодарност до сите Украинци за довербата во нашата кауза. Благодарност до вооружените сили – што ја спасија и што ја бранат нашата земја. Благодарение на мојата сопруга и синот за разбирањето и поддршката“,

додава Тимошенко во објавата на Телеграм.

Во објавата на Телеграм, соработникот на украинскиот претседател не ја наведува причината за оставката, но украинските медиуми јавуваат дека Тимошенко е можеби дел од кадровските смени што го најави Зеленски.

Зеленски најави отпуштања од највисоко до најниско ниво во владата, регионите и безбедносните сили по наводите за корупција, речиси една година по руската инвазија.

„Веќе има одлуки за отпуштања – некои ќе се случат денеска, некои утре – што се однесуваат на функционери на различни нивоа во министерства и други владини структури, како и на регионално ниво и во органите за спроведување на законот“,

рече Зеленски во видеопорака.

Кирило Тимошенко (33) беше заменик-шеф на претседателската канцеларија на Зеленски од 2019 година, надгледувајќи ги регионите и регионалните политики. Тој, исто така, работеше со украинскиот претседател за време на неговата изборна кампања.

Од почетокот на руската инвазија во Украина во февруари 2022 година, според украинските медиуми, Тимошенко бил вмешан во неколку скандали поврзани со неговата лична употреба на скапи автомобили. Тимошенко, пак, ги отфрлил ваквите обвинувања.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Санкции за 100 возачи, седуммина немале ниту возачка дозвола

Следно

ФБИ: Хакери од северна Кореја одговорни за кражба на 100 милиони долари

Latest from Blog

Јаглики: Сè што треба да знаете за одгледувањето, но и употребата во градината, кујната и козметиката

Овие повеќегодишни растенија се популарни декорации на балкони и градини, а имаат и јадливи цвеќиња и лековити својства. Јагликите, или на латински Primula vulgaris, се меѓу најубавите и најраспространетите видови пролетни цвеќиња.

Мицкоски: Ја стабилизираме економијата, трговската размена во пораст

Најновите податоци го потврдуваат она за кое се залагаме – ја стабилизираме економијата, создаваме услови за економија која оди напред, граѓаните имаат повеќе работа, а трговската размена е во пораст, напиша премиерот

Меџити: Видливи инвестиции за секојдневниот живот на жителите во Чаир

Првите големи инфраструктурни проекти во Чаир денес ги започна Изет Меџити, прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, кој е и кандидат за градоначалник на општината. Станува збор за

Бесплатен превоз од Битола до Пелистер за фестивалот „Пелистерски Вајб“

Поради големиот интерес за настанот „Пелистерски Вајб“, кој ќе се одржи во понеделник, 8 септември 2025 година, организаторите во соработка со превозниците Пелалинк, Хера турс и МИГ травел обезбедија бесплатен превоз за

Омерагиќ горд на младите фудбалери по двојната победа над БиХ

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, им упати честитки на младите репрезентативци до 19 години за двете победи против селекцијата на Босна и Херцеговина. „Пет победи во низа за младите
Go toTop