Лотарија плаќа милионска кирија на фирма на син на пратеник од ДУИ, финансиската полиција води предистрага и прибира документација

November 2, 2023
1 min read

Актуелен сопственик на фирмата од која Државна лотарија изнајмила деловни простории во објект во Визбегово за 2,6 милиони евра е Асмир Јахоски, сопственик на „Пуцко Петрол“ и син на поранешниот градоначалник на општина Пласница и актулениот пратеник во Собранието од редовите на ДУИ, Исмаил Јахоски

Финансиската полиција отвори предистрага и според сознанија на ТВ Телма одзела документација од Државна лотарија за да истражи дали има нерегуларности со закуп на деловни простории во објект во близина на Визбегово. 

Објектот во Визбегово кој Државна лотарија го изнајмила од фирмата „Хеј ДООЕЛ“ за 2,6 милиони евра/ Фото: Телма

Станува збор за простории во зграда која порано се користела за организирање на свадбени веселби, а кои сега Државна лотарија ги изнајмила од фирмата „Хеј Дооел“ за голема сума на пари.  

Инаку, фирмата од која Лотарија го закупила објектот поврзува повеќе функционери и блиски роднини на политичари од владејачката ДУИ.  

Според истражувачките написи на „Радио Слободна Европа“ и на „Фокус“, фирмата „Хеј Дооел“ го купила земјиштето и објектот, по што со Лотарија склучиле договор за закуп тежок 2,6 милиони евра.  

Актуелен сопственик на фирмата, како што објави телевизијата повикувајќи се на истражувањата, е Асмир Јахоски, сопственик на „Пуцко Петрол“ и син на поранешниот градоначалник на општина Пласница и актуленен пратеник во Собранието од редовите на ДУИ, Исмаил Јахоски.   

Асмир Јахоски станал сопственик на фирмата на 17 октомври. Ја презел од претходниот сопственик Армин Машовиќ, а зделката, односно промената на сопственоста во Централниот регистер е извршена десетина дена подоцна, поточно на 26 октомври. Мешовиќ, сепак останува управител на фирмата, иако повеќе не е нејзин сопственик.  

Инаку, милионскиот договор за закуп меѓу Лотарија и „Хеј Дооел“ е склучен додека Машовиќ бил сопственик на фирмата, која ја формирал на 2 февруари оваа година. 

Машовиќ е поранешен бизнис партнер на Ерџан Сулкоски во „Пацифик Петролеум“. Сулкоски пак до неодамна (23 август 2023 година) беше и деловно поврзан со Куштрим Смајлај, зетот за ќерка на лидерот на ДУИ Али Ахмети, во фирмата „К.С.А. Интернешнл“. 

Старата адреса на „Хеј“, како што објави Телма, до јули оваа година е во зграда во скопски Карпош непосредно до трговскиот центар „Лептокарија“. На адреса на истиот објект изграден од „Пуцко Петрол“ регистрирана е и фирмата на зетот на Али Ахмети.  

Директор на Државна лотарија, пак е Перпарим Бајрами кој според опозицијата е близок соработник и поранешен шеф на кабинет на првиот вицепремиер Артан Груби.  

За Груби ваквите наводи се лажна вест. Тој тврди дека Бајрами никогаш не бил вработен во неговиот кабинет, ниту како асистент, а најмалку како шеф.  

Извори од Финансиската полиција, како што објави Телма, не ги коментираат наводите дека син на пратеник на ДУИ станал сопственик на фирма чиј објект е изнајмен на Државна лотарија со која управува директор поставен од ДУИ.  

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претпладне променливо облачно со локални врнежи од дожд – попладне облачноста ќе се намалува

Следно

„Израел сака да ја избрише Палестина од картата“

Latest from Blog

Ги знае ли некој овие играчи: Ова е составот на Италија за пријателските!(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/NazionaleCalcio/ Привремениот селектор на италијанската фудбалска репрезентација, Силвио Балдини, објави практично нов состав за претстојните пријателски натпревари против Луксембург и Грција. Веста официјално ја објави Италијанската фудбалска федерација (FIGC). Селекцијата е преполна

Тројца загинале во Уганда- се судриле со слон

Полицијата соопшти дека уште четири лица се повредени во несреќата, што се случила во Националниот парк Мерчисон Фолс на северозападниот дел од земјата во недела навечер. Седум службеници на Управата за приходи

Малолетничка со породилни болки донесена на Гинекологија, мајката приведена

Малолетничка со породилни болки вчера била донесена на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, по што интервенирала полицијата, а нејзината мајка била приведена. Според информациите од МВР, случајот бил пријавен
Go toTop