Сорос дал над 15 милиони долари на групи зад про-Палестинските протести

November 1, 2023
1 min read

Најголемиот дел од парите, околу 13,7 милиони, биле делени преку Тајдс центарот, кој, на пример, му има исплатено пари Адала џастис проектот, кои на денот на терористичкиот напад на Хамас на својот Инстаграм профил објавија слика од еден од булдожерите што ја собори израелската гранична ограда со текст: „израелските колонизатори веруваат дека можат бесконечно да држат два милиони луѓе во затвор под отворено небо… ниту еден кафез нема да остане недопрен.“

Припадниците на Адала проектот на 20 октомври ја запоседнаа канцеларијата на калифорнискиот конгресмен Ро Кана, барајќи тој да потпише резолуција во која се бара прекин на огнот во Газа. Истиот ден тие беа едни од организаторите на митинг во Њујорк во кој се извикуваа анти-семитски пароли и се шетаа натписи „Јас не го осудувам Хамас“.

Во 2020, Тајдс имаат исплатено 30.000 долари на уште една организација која беше ко-организатор на истиот протест во Њујорк на кој беа уапсени 139 луѓе.

Во 2018 Фондацијата на Сорос има исплатено 60.000 долари на Арапско-американското здружение на Њујорк, ко-основано од активистката Линда Сарсур, која помогна во организирањето на протестот „Да го преплавиме Њујорк за Палестина“ во кој учесниците повикаа на уништување на Израел.

Адала директно од фондацијата на Сорос добиле околу 1,5 милиони долари.

Еврејски глас за мир и Ако не сега, кои од Фондацијата на Сорос добиле 650 односно 400 илјади долари, се уште две групи кои учествуват во протестите против Израел по масакрот од 7 октомври. Еврејски глас го обвинува Израел за нападот од 7 октомври, пишувајќи „Израелскиот апартхејд и окупација – и соучеството на САД во репресијата – се извор на сето ова насилство.“

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Одржана 19-та седница на Советот за безбедност

Следно

Урсула фон дер Лајен во Сараево: Иднината на БиХ е во Европската Унија

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев
Go toTop