Во израелските напади врз Газа загинаа 8.796 лица, од кои 3.648 деца

November 1, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Бројот на загинати Палестинци во израелската воена офанзива во Појасот Газа се искачи на 8.796, соопшти денес Министерството за здравство во блокираната енклава, јавува Анадолу.

„Од загинатите, 3.648 се деца, 2.290 се жени, а 22.219 лица се повредени“, изјави портпаролот на Министерството, Ашраф ал Кудра, на прес-конференцијата во градот Газа.

Тој истакна дека 2.030 луѓе сѐ уште се заробени под урнатините во Газа.

„Во израелските напади загинаа 132 медицински лица, а уништени се 25 амбулантни возила“, додаде Ал Кудра.

Како што соопшти, израелските сили од 7 октомври извршиле напади врз 58 здравствени установи во Газа.

„58 болници и 32 центри за примарна здравствена заштита не работат поради израелските напади и недостигот на гориво“, додаде тој.

Од изминатиот викенд израелската војска ги прошири своите воздушни и копнени напади врз Појасот Газа, кој е под немилосрдни бомбардирања по ненадејната офанзива на палестинската група на отпорот, Хамас, на 7 октомври.

Во нападите на Хамас загинаа 1.538 Израелци.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

По три години, Јанкулоска утрово излезе од затворот „Идризово“

Следно

Маричиќ: Членството во ЕУ до 2030 година бара мобилизација и активно ангажирање на целокупното општество

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop