По три години, Јанкулоска утрово излезе од затворот „Идризово“

November 1, 2023
3 mins read

Поранешната министерка ја издржуваше четиригодишната затворска казна од септември 2020 година откако беше правосилно осудена во случајот „Тенк“ за набавката на владиниот луксузен „мерцедес“

Гордана Јанкулоска, поранешната министерка за внатрешни работи, утрово излезе од затворот „Идризово“. Ова за „360 Степени“ го потврди сопругот и адвокат на Јанкулоска, Влатко Илиевски.

„Гордана утрово излезе од затвор. Сега е важно да ги почитува препораките кои се придружени со условниот отпуст“,

посочи Илиевски.

Излегувањето од затвор е со условен отпуст по одлука донесена од Апелација – доколку до крајот на септември следната година не направи ново кривично дело.

Таа по три години и еден месец излезе од затвор откако Апелацискиот суд во Скопје ја уважи нејзината молба за условен отпуст од натамошно издржување на затворската казна за случајот „Тенк“.

При донесувањето на ваквата одлука биле земени предвид повеќе фактори – дека е мајка на петгодишно дете, кое било лишено од мајчинска грижа и воспитување, како и нејзиното однесување во затворот.

Таа ги почитувала правата и обврските кои произлегуваат од куќниот ред на затворот, се вклопила во домската средина во која имала максимално пријателски односи со другите осудени лица и не манифестирала насилни и конфликтни однесувања.

Јанкулоска во затворот била работно ангажирана во библиотеката на женското одделение и својот ангажман го извршувала со посветеност, навремено и во целост.

Како што пишува во одлуката на второстепениот суд, Јанкулоска од 1 ноември се ослободува од натамошно издржување на затворската казна под услов до истекот на условниот отпуст, кој е утврден до крајот на септември следната година, да не стори ново кривично дело.

 „На нејавна седница одржана на 4.10.2023 година, одлучуваше во рамките на предметот оформен по молбата за условен отпуст на осудената Гордана Јанкулоска од Скопје. Постапувајќи по кривичниот предмет КР-133/23, Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје, донесе решение со кое ја одби како неоснована жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, а ја уважи жалбата на осудената Гордана Јанкулоска од Скопје, при што Решението на Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје го преиначи и ја отпушти осудената на 1.11.2023 година од издржување на казната затвор, под услов до истекот на условниот отпуст, 28.9.2024 година, да не стори ново кривично дело“,

се наведува во соопштението објавено на официјалната интернет-страница на Апелацискиот суд Скопје.

Нејзиниот адвокат пред помалку од еден месев за „360 Степени“ го објасни и судскиот пат кој го поминале за да стигнат до конечната одлука што Апелација ја донела на 4 октомври и која е правосилна.

Барањето за условен отпуст до Основниот кривичен суд Скопје го поднеле кон средината на јули годинава.

„Ние некаде кон средината на јули го поднесовме барањето до Основниот кривичен суд во Скопје за условен отпуст и во него се наведени аргументите за кои сметаме дека целите на извршување на казната се исполнети и од тие причини бараме од судот да дозволи предвремено да ја отпуштат од издржување на затворската казна“,

рече Илиевски.

Првично, како што ни изјави тој, кривичниот совет на Основниот суд донел решение со кое на Јанкулоска ѝ се даваат само пет месеци условен отпуст, на што уследила жалба до второстепениот суд.

По жалбата, Илиевски поднел и дополнение на неа во кое биле наведени и околностите од последните измени на Кривичниот законик.

„Поднесовме жалба, а потоа поднесовме и дополнение на жалбата каде ги наведовме и околностите со измените на Кривичниот законик каде што се декриминализира делото за кое таа е осудена. Станува збор за ставот 5 од членот 353, а бидејќи максималната казна за слични случаи со измените на КЗ е три години, а таа веќе издржала три години, што значи дека нема општествен интерес и дека не е справедливо кон нејзе да се продолжи со извршување на казната бидејќи одредбите од КЗ кои беа изменети ја загубиле својата општествена функција и значење. Предложивме судот да ги земе предвид и тие аргументи“,

објасни тогаш Илиевски.

Поранешната министерка ја издржуваше четиригодишната затворска казна од септември 2020 година откако беше правосилно осудена во случајот „Тенк“ за набавката на владиниот луксузен „мерцедес“.

Во истиот случај е осуден и експремиерот Никола Груевски, кој избега во Унгарија.

Инаку, Јанкулоска неодамна беше гостин во интервју за емисијата „360 степени“, каде што говореше за престојот и условите во ,,Идризово”, за неодамнешната средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за нејзиниот однос кон и со Никола Груевски, за актуелниот судир во партијата, измените во Кривичниот законик,  начинот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ од 2006 до 2017 г., како и дали има каење за дел од постапките, но и плановите за во иднина…

Во врска со измените на Кривичниот законик, кои кренаа прав во јавноста, таа изрази поддршка посочувајќи дека членот 353 од КЗ, кој според неа доживеал суштински измени, бил член по кој одговараа сите поранешни функционери и сега и во минатото.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

На 20 декември-роденденот на Ацо Шопов со премиера на балетската претстава „Молитви на моето тело“ ќе биде заокружено честувањето на 100-годишнината од раѓањето на поетот

Следно

Во израелските напади врз Газа загинаа 8.796 лица, од кои 3.648 деца

Latest from Blog

Холандските обвинители работат на блокирање на извозот на делови за авионите Ф-35 во Израел

ХАГ (АА) – Главниот обвинител на холандскиот Врховен суд побара одобрување на одлуката на Апелациониот суд за стопирање на извозот на делови за борбените авиони Ф-35 во Израел, се вели во официјалното

Во тешка сообраќајка загина Живко Пејковски, поранешен пратеник

Во сообраќајна незгода денеска загина Живко Пејковски, поранешен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на затворот „Идризово“. Веста за неговата смрт ја потврди и неговиот син преку објава на социјалните

Фетаи: Неселективна и примерна правда за кривични дела говор на омраза и нетрпеливост

Потпретседателот на Владата на Македонија, одговорен за политиките на добро владеење, Арбен Фетаи, денеска го осуди палењето на македонското и албанското знаме, опишувајќи ги како кукавички чинови, кои сведочат за опасниот раст

Скаловски: Институтот за родови студии е во алармантна состојба поради недостаток на кадар

Семејното насилство, фемицидите и дискриминациите, во отворена или камуфлирана форма, и натаму опстојуваат за жал, и тоа е и светски тренд. Но тоа не смее да биде оправдување за да се откажеме

Заврши амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2025 година

Собраниската Комисија за финансирање и буџет вечерва го заврши претресот на амандманите по Предлог-буџетот за 2025 година. По амандманската расправа, како Дополнет предлог-буџет документот се враќа во Владата на финално одобрување по
Go toTop