Абазовиќ: Најважно е Ѓукановиќ повеќе да не е претседател на Црна Гора

January 23, 2023
1 min read

Граѓанското движење УРА се уште нема заземено официјален став по однос претседателските избори, ќе видиме кои ќе бидат кандидатите, но најважно е што Мило Ѓукановиќ повеќе не е претседател на државата, изјави премиерот во техничкиот мандат Дритан Абазовиќ.

Абазовиќ тоа го истакна пред медиумите, искористувајќи ја можноста да даде коментар по однос изјавата на пратеникот на Соединетите Американски Држави, Габриел Ескобар, кој рече дека Црна Гора е пред институционален колапс.

„Ескобар е пријател на Црна Гора и ако се гледа од перспектива на Уставниот суд, никој не може да игнорира дека сме во многу незавидна ситуација. Што се однесува до другите работи, мислам дека системот нема никаков проблем со функционалноста и мислам оти тоа го чувствуваат граѓаните“, рече Абазовиќ.

Тој уште еднаш ги повика пратениците да ги изберат сите четворица судии на Уставниот суд.

„Ако не бидат избрани на 10 февруари, на сите им е јасно кој ќе биде виновникот“, додаде Абазовиќ.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СТАРАТА ЖЕНА ВО СТРУМИЦА БИЛА УБИЕНА – полицијата трага по сторителот, еве на каков начин го извршил делото! (ВИДЕО)

Следно

Целосна посветеност, трудољубивост и пожестока работа побарал Вучиќ на седницата на српската влада за Косово  

Latest from Blog

ЈАСНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ од еден од најмоќните луѓе во НАТО: „Ако бидат толку бедни, ќе ги уништиме“

Врховниот командант на НАТО за Европа (SACEUR) во понеделник ја предупреди Русија дека нејзините сили ќе ги уништат „сите“ вклучени во каков било напад ако Москва е „доволно лоша“ за да ја

Ова е фаулот поради кој Елмас го доби првиот црвен картон во кариерата на лигашки меч (Видео)

Ретко се случува Елиф Елмас да добие црвен картон, вечерва на мечот Аталанта – Венеција беше исклучен за првпат во кариерата на еден лигашки натпревар. Претходно, Елмас поцрвенувал само по еднаш во

Најопасната закана од Америка за Украина досега

 Условот е Киев да престане со нападите со оружје со долг дострел врз руските енергетски постројки. Двајца европски претставници ја потврдија оваа информација за Си-ен-ен (CNN). За време на викендот, Стејт департментот
Go toTop