„Репортери без граници“ поднесе барање до МКС да ги истражи воените злосторства врз новинарите во Газа

November 1, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Репортери без граници (РСФ) денес соопштија дека поднеле барање за истрага на воените злосторства извршени врз новинарите во Газа, пренесува Анадолу.

„Овие репортери беа жртви на напади што, во најмала рака, претставуваат воени злосторства што ја оправдуваат истрагата на обвинителот на Меѓународниот кривичен суд (МКС)“, се вели во соопштението на Репортери без граници.

Во жалбата, поднесена до канцеларијата на обвинителот на МКС вчера, организацијата детално ги наведува случаите на деветтемина убиени новинари од 7 октомври, во воздушните и копнените напади врз Газа, кои започнаа по прекуграничниот напад на Хамас, и уште двајца репортери што се повредени во текот на нивната работа.

Се споменува и „намерно, целосно или делумно“ уништување на просториите на над 50 медиумски претставништва во Газа.

Од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас загинаа вкупно 34 новинари, од кои најмалку 12 се загинати во текот на нивната работа – 10 во Газа, еден во Израел и еден во Либан, соопштија Репортери без граници.

„Обемот, сериозноста и повторливиот карактер на меѓународните злосторства насочени кон новинарите, особено во Газа, бара приоритетна истрага од страна на обвинителот на МКС. На ова повикуваме уште од 2018 година. Актуелните трагични случувања ја покажуваат екстремната итност од потребата за акција на МКС“, порача генералниот секретар на Репортери без граници, Кристоф Делоар.

Ова е трета жалба на РСФ до обвинителот на МКС за воени злосторства врз палестинските новинари во Газа од 2018 година.

Првата беше поднесена во мај 2018 година за новинарите загинати или повредени за време на протестите на „Големиот марш на враќање“ во Газа.

Второто барање беше поднесено во мај 2021 година по израелските воздушни напади врз над 20 медиумски претставништва во Појасот Газа.

Репортери без граници, исто така, ја поддржа жалбата поднесена од Ал Џезира за застрелувањето на палестинската новинарка Ширин Абу Аклех на Западниот Брег на 11 мај 2022 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

За Ковачевски нема проблем во изборот на Халими во „Аеродроми“

Следно

НБ: Основната каматна стапка останува на нивото од 6,30%, монетарната политика и натаму е затегната

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop