Многу ја скинаа дневната доза на CBD

October 24, 2023
1 min read

Од 2018 година, кога британскиот парламент го легализираше CBD (непсихоактивната компонента на канабисот), продажбата на производи поврзани со CBD вртоглаво порасна. Денес може да се купи CBD масло, CBD вејп пенкалца, CBD кафе, CBD колачи за со CBD кафето…

Бидејќи ЦеБеДе во овој контекст не е лек, тој не е регулиран од регулаторот за лекови туку од Агенцијата за стандарди за храна (FSA).

Пред три години, ФСА препорача дневната доза да не надминува 70 милиграми. Сега ја намалија на 10 mg – приближно четири капки од петпроцентно CBD масло.

Тоа е препорачлива доза, не се апси ако се земе повеќе, но Агенцијата   предупредува на можност од долгорочни здравствени ефекти, на пример на црниот дроб и тироидната жлезда.

Ефектите на CBD се тестирани на низа заболувања, од шизофренија до анксиозност, со мешани резултати. Кога придобивките се очигледни, тоа е обично во многу поголема доза – околу пет пати повеќе од претходно препорачаната максимална доза.

За да утврдат колку е штетна една супстанца – или подобро кажано, кој е максимумот безбедна количина што човек може да ја консумира во одредено време – научниците ја тестираат на животни и потоа применуваат „ниво на корекција“. На пример, ако студија со стаорци покаже дека дозата од 100 mg на килограм телесна тежина е највисоката доза без штетни ефекти, тоа за човек од 70 килограми би значело 7 g дневно.

Но, бидејќи е познато дека некои видови храна или лекови можат да влијаат врз апсорпцијата на други супстанци, експертите за безбедност обично применуваат 400-кратен фактор на корекција на пресметаните вредности. Тоа би го намалило оној внес од 7 g  на само 17,5 mg на ден.

Добар дел од пијачките и други производи кои се продаваат денес ја надминуваат новата препорачана доза, па ќе треба да им кратат на луѓето од цебеде-то.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Двајцата повредени од пукањето во „Ист Гејт“ во сериозна состојба – Арсенков: Едниот веднаш на операција, вториот препратен на Торакална

Следно

(ВИДЕО) Бев да берам дренки и кога седнав да одморам одеднаш излезе пред мене, сведочи 76-годишникот кој беше нападнат од мечка

Latest from Blog

Легендарниот Џејмс Милнер се врати во Ливерпул

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC Легендата на Премиерлигата, Џејмс Милнер, се врати во Ливерпул. На крајот од минатата сезона, Џејмс Милнер ја заврши својата 24-годишна кариера како рекордер со најмногу одиграни натпревари во Премиерлигата. Милнер не

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop