УЖАС: Регистрирани случаи на злосторства врз деца во Украина

January 23, 2023
1 min read

Јасминка Џумхур од независната меѓународна истражна комисија за Украина формирана од Обединетите нации изјави дека Комисијата регистрирала одреден број злосторства врз деца убиени со огнено оружје, но и случаи на сексуална злоупотреба и повреди на деца.

„Одредени информации укажуваат на префрлање деца од територијата на Украина на територија на Русија, каде што се уште се наоѓаат, а се поставува и прашањето околу враќањето на тие деца. Во голем број од тие случаи биолошките родители се наоѓаат на територијата на Украина“, вели Џумхур во интервју за „Радио Слободна Европа“.

Таа повтори дека на територијата на Украина се извршени воени злосторства, се прекршени човековите права и меѓународното хуманитарно право, а додаде оти имало и злосторства врз деца од страна на руската армија.

„Кога зборуваме за облиците на кршењето човекови права, тие можат да се групираат во две категории – против интегритетот на лицата и другата во однос на инфраструктурата. Зборуваме за тортура, злоупотреба, силување и други форми сексуално насилство“, рече Џумхур.

Таа додаде дека втората група кривични дела се однесуваат на инфраструктурата во случаи кога објектите од енергетскиот сектор се таргетирани на почетокот на зимата, со што индиректно се загрозени човековите права на голем број жители на пристап до електрична енергија, здравствена заштита и образование на децата.

„Значајна разлика помеѓу конфликтот во Босна и Херцеговина и конфликтот во Украина е во формите и димензиите на злоупотребите зависно видот на употребеното оружје. Босна и Херцеговина беше под ембарго и не можеше да се вооружува, ниту можеше да и се достави хуманитарна помош“, рече Џухмур.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претставници на Програмскиот колегиум при МКЦ го кажаа проблемот и пред претседателот Пендаровски

Следно

Работните тела треба да расправаат за законот за технолошко индустриски развојни зони

Latest from Blog

Жртва на Епштајн: Еден ден, масерката ме покани во неговата соба

Жената, идентификувана само како Роза, сведочеше заедно со неколку други жртви на Епштајн на сослушување организирано од демократски конгресмени. Роза рече дека била регрутирана како тинејџерка од Узбекистан од страна на соработникот

ЈКП “Комуналец“ – Прилеп продолжува со уредување на зеленилото во градот

ЈКП Комуналец – Прилеп продолжува со реализација на Оперативниот план за ново засадување и обновување на дрвја, зимзелени и грмушкасти растенија низ градот. Во рамки на активностите во населбата „Димо Наредникот“, на

Комуналец – Прилеп: Продолжува обновата на зелените површини

ЈКП Комуналец – Прилеп продолжува со реализација на Оперативниот план за ново засадување и обновување на дрвја, зимзелени и грмушкасти растенија низ градот. Во рамки на активностите во населбата „Димо Наредникот“, на

Усвоено: Путин ќе може да нападне која било земја во светот? СО ВОЕНА ИНТЕРВЕНЦИЈА ЌЕ ОСЛОБОДУВА РУСИ ПРИВЕДЕНИ ВО СТРАНСТВО

Во среда, рускиот парламент донесе закон со кој му се дозволува на претседателот Владимир Путин да нареди инвазија на странски земји. Според законот, Москва законски ќе може да испраќа војници во странство
Go toTop