Претставници на Програмскиот колегиум при МКЦ го кажаа проблемот и пред претседателот Пендаровски

January 23, 2023
1 min read

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Програмскиот колегиум на Младински културен центар – МКЦ. Претставниците на Програмскиот колегиум го запознаа претседателот Пендаровски со последните случувања во Младинскиот културен центар. Тие појаснија дека со доделениот буџет од Градот Скопје за 2023 година ќе се нанесе непоправлива штета на институцијата и дека со тоа целосно ќе се загрози програмското функционирање на МКЦ, како и функционирањето на ансамблите кои делуваат во установата и фестивалите со долгогодишна традиција.

Претставниците на Програмскиот колегиум од МКЦ информираа и за процесот за назначувањето на в.д. директор во институцијата, кое според нив се случило со намерно заобиколување на пропишаните законски процедури и побараа поддршка од Претседателот за нивното барање – законски и отворен конкурс за директор на МКЦ.

Претседателот Пендаровски посочи дека треба што поскоро да се најде решение за овие предизвици во рамки на законските процедури и регулативи.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Втора пресуда за „Титаник 2“: По две години затвор за Мијалков, Тачи и поранешните членови на ДИК

Следно

УЖАС: Регистрирани случаи на злосторства врз деца во Украина

Latest from Blog

(Фото) „ШПАНИЈА Е ОКУПИРАНА!“ – Европа и Трамп го кренаа гласот, Мадрид пред губење на шенгенскиот статус!

По масовното пристигнување на мигранти на шпанската територија во енклавата Сеута, низа европски политичари и влади жестоко ја критикуваа владата во Мадрид бидејќи не ги заштитила надворешните граници на Европската Унија. На

Водата на Попова Шапка не е безбедна за пиење

Јавното комунално претпријатие „Шари“ – Тетово ги известува жителите и посетителите на Попова Шапка дека водата од водоводната мрежа во моментов не е безбедна за пиење, бидејќи не е извршена дезинфекција, односно

Проданоски упати честитка за Илинден: Само сплотени можеме да ги надминеме предизвиците

По повод 2 Август – Илинден, Денот на Републиката и големиот христијански празник Свети Илија, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка до граѓаните, посакувајќи им здравје, мир и благосостојба. Проданоски

Борнмут е посилен за Антонио Силва

Во пресрет на новата Премиер лига сезона, тимот на Борнмут се реши да се засили со нво играч од Португалија. Се работи за досегашниот член на тимот на Бенфика, Антонио Силва, кој
Go toTop