Израел го бомбардира Кан Јунис и јужниот дел на Газа, каде што ги повика цивилите да се засолнат

October 17, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Израелските воздушни сили го бомбардира Кан Јунис и други области на југот на Појасот Газа, каде што претходно повикаа на евакуација на цивилното население од северот, објави Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА), пренесува Анадолу.

Во соопштението, УНРВА наведува дека израелските сили продолжиле со силното бомбардирање од воздух, море и копно. Се наведува дека и покрај упатствата до цивилите во Газа да одат на југ, израелските воздухопловни сили продолжиле да го гаѓаат Кан Јунис и другите подрачја на југ.

Постои загриженост поради дехидрација и болести предизвикани од затворањето на последната станица за прочистување на морето во Газа денес. Иако водоводот во јужниот дел на Појасот Газа беше отворен три часа, тоа овозможи ограничена количина на вода за половина од населението на Кан Јунис.

Се очекува резервите на гориво во сите болници во Газа да потраат уште 24 часа, а нагласено е дека животите на илјадници пациенти би биле сериозно загрозени доколку се исклучат резервните генератори.

УНРВА објави дека бројот на раселените Палестинци во Газа поради израелските напади достигна еден милион.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Северна Македонија се одржа конференцијата „Бездржавјанство во Југоисточна Европа“

Следно

Мицкоски за случувањата на „Онколоија“: Станува збор за грозоморен и монструозен скандал кој еволуира во моментот кога КАТО системот не е ставен во функција

Latest from Blog

Напад пред прагот на НАТО: Руско беспилотно летало удри близу границата, се огласија сирените

Според полските власти, леталото погодило цел на оддалеченост од приближно два километри од граничниот премин. Како одговор на нападот, Полска подигна воени авиони и ги стави своите сили во состојба на готовност.

PDK mban nesër konferencë për media

Partia Demokratike e Kosovës (PDK), nesër mban konferencë për media. Kjo u bë e ditur nga përmes një njoftimi për media të lëshuar nga partia, teksa nuk treguan arsyen e kësaj konference.

Трамп го прашал Си дали сака да купи американско оружје

Гостувајќи во емисијата „Fox News Sunday“, Пердју потврди дека Трамп ја покренал можноста за продажба на американско оружје на својот сè помоќен геополитички ривал. Таквата неочекувана продажба, доколку се реализира, би претставувала
Go toTop