Пендаровски на иста маса со Зарко Милошевски од АНБ – ќе му бара ли одговорност за скандалот Онишченко?

January 23, 2023
1 min read

За денес во 15 часот кај претседателот Стево Пендаровски е закажан Совет за безбедност на кој ќе биде разгледана безбедносната состојба во земјава и во евроатлантскиот регион. Меѓу другите присутни ќе бидат Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за разузнавање, Зарко Милошевски, директор на Агенција за национална безбедност и Васко Ѓурчиновски, началникот на Генералштабот на Армијата.

Токму присуството на директорот на Агенцијата за национална безбедност Зарко Милошевски го отвора прашањето дали Пендаровски ќе разговара на овој состанок за одговорност од АНБ и нејзиниот прв човек Милошевски за скандалот “Онишченко“.

Самиот Пендаровски во ноември месец 2022 година оцени дека случајот претставува голем удар за кредибилитетот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ).

– „Треба да се сконцентрираме на интерната истрага во АНБ. Четвртиот сектор во АНБ е за соработка со странски служби кои се наши партнери во НАТО. Ако е точно тоа што го знам, вклучително и овој сектор, тоа е голем удар за кредибилитетот за АНБ. Мора да ја извлечеме одговорност за овој случај. Имаше и реакција од Америка како е можно ова да се случи? “ – рече тогаш претседателот Пендаровски во интервју за телевизија 24.

Следниот месец тој во друго интервју дадено за Алсат беше дури и пожесток, велејќи дека и самата НАТО алијанса се интересирала за оваа афера и тоа може да се одрази на угледот на државата.

– „Првиот ден реков дека ова недозволиво за земја члена на НАТО. Тоа беше голем пропуст и кикс на неколку државни институции. Се работи за огромен скандал кој неспорно го руши кредибилитетот на државата. Јас бев вчера во главната команда за Европа на Алијансата и таму ме прашуваа, меѓу другото, за тој случај и што мислам за него и до каде е постапката“, рече Пендаровски.

Во јавноста во меѓувреме излезе документ според кој токму сегашниот директор Милошевски го ставил потписот меѓу десетте потребни потписи од надлежните сектори со кои е одобрено државјанството на контроверзниот украински бизнисмен Олександр Онишченко. Непосредно пред протекувањето на документот во јавноста, владата на Ковачевски го избра токму Зарко Милошевски за нов директор на АНБ.

Оттука логично се поставува прашањето дали овој состанок на Советот за безбедност Претседателот Стево Пендаровски ќе го искористи да се разговара за овој меѓународниот скандал и бебзедносен пропуст кој ја тангира темата на овој состанок, а тоа е безбедноста во евроатланскиот регион? Дали Пендаровски ќе го искористи присуството на Милошевски на истата маса да дознае која е неговата улога во случајот “Онишченко“? Или дали овој случај ќе биде забошотен и со тоа се остави трајна дамка на Македонија во меѓународните односи?

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Кишида: Приоритет на Јапонија е развивање на армијата

Следно

Крводарителска акција во чест на Тоше Проески

Latest from Blog

Орландо Блум прв пат јавно проговори за раскинувањето со Кети Пери, откри какви им се односите (ВИДЕО)

Додека беше гостин во шоуто „Тудеј“, 48-годишниот актер истакна дека е благодарен за сè и дека тој и Пери секогаш ќе бидат поврзани поради нивната петгодишна ќерка, Дејзи. Додека го промовираше „The

Птица снесе јајце во центар на теренот- ќе нема натпревари цел месец (ВИДЕО)

Фудбалерите кои пристигнаа на натпревар во регионалниот спортски комплекс Џерабомбера минатиот викенд беа пренасочени кон друг терен откако птицата лишка положи јајце во централниот круг, објави Дејли Меил. „Лишка положи јајце на синтетичкиот фудбалски

СИТЕ ТРЕБА ДА БИДАТ УБИЕНИ, повикува блокадерка на масакр на полицајци во Нови Сад (ВИДЕО)

За време на вклучувањето на Жаклина Таталовиќ на Н1, во етерот се емитуваше вистинската слика и изјава од блокадерка, која вреска дека сите полицајци треба да бидат убиени. Таталовиќка ѝ се приближува

ФОТО: Овие бои ќе ја одбележат есента 2025 година

Модните трендови за есента 2025 година носат палета која комбинира топлина, елеганција и младешка свежина. Боите што ќе ја одбележат сезоната го најавуваат враќањето на луксузните земјени тонови, нежните пастелни нијанси и
Go toTop