Министерство за здравство: 70 отсто од населението во северна Газа нема пристап до здравствени услуги

October 15, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Поради израелската наредба за евакуација на регионот и континуираното бомбардирање, 70 отсто од населението во северна Газа сега е лишено од здравствена заштита, соопшти денес Министерството за здравство во Појасот Газа, јавува Анадолу.

„Откако Обединетите нации ги евакуираа своите центри и престанаа да обезбедуваат здравствена заштита, 70 отсто од населението во Северна Газа сега е лишено од медицинска нега“, се вели во соопштението на Министерството.

Во петокот, израелската војска предупреди над 1 милион луѓе да се евакуираат од северна Газа кон југ, поради најверојатна копнена операција.

Наредбата беше широко осудена, при што ОН и другите меѓународни актери предупредија дека тоа ќе доведе до хуманитарна катастрофа, а болниците во Газа велат дека многу пациенти не се во состојба да патуваат.

Строгата израелска блокада на Газа од минатата недела – со исклучување на водата, електричната енергија, дотурот на храна и медицински материјали – исто така има клучно влијание врз пружањето здравствени услуги.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕСМ: Почна грејната сезона за потрошувачите на подрачјето на Скопје

Следно

Приведени дрвокрадци во велешко, затекнати при нелегална сеча на огревно дрво

Latest from Blog

Пресврт со серискиот убиец од Њујорк: Подготвен е да ги признае своите ужасни злосторства- убил 7 жени (ФОТО)

Според извор на NBC News запознаен со случајот, се очекува тој да се изјасни за виновен за сериските убиства на 8 април. Судските записи покажуваат дека рочиштето е закажано за тој ден.

Се огласија од Министерството за здравство: Нема недостиг на лекови за ретки болести

Од Министерството за здравство тврдат дека нема недостиг на лекови за ретки болести, односно оти непречено и во континуитет овие лица ја примаат потребната терапија. -До Министерството за здравство нема реакција од

Доцнат хонорари, се кратат часови за лична асистенција, а лицата со попреченост остануваат без соодветна поддршка

Доцнење на исплатата на хонорари, намалување на часовите за лична асистенција, недостиг од услуги за бездомните лица, како и примена на двојни стандарди – се дел од проблемите со кои се соочуваат

Хаверц и Ундав ја “скршија“ Гана!

ФОТО:facebook.com/DFBTeamEN/ Германија во пријателски меч вечерва во Штутгарт, успеа да ја победи Гана со 2:1. Стрелци на головите беа Хаверц од пенал и Ундав, додека за гостите стрелаше Фатаву. Натпреварот на „MHPArena“
Go toTop