Руска тајна служба: Оружјето од Западот, Украина го чува во нуклеарните централи

January 23, 2023
1 min read

Многу од нуклеарните централи во Украина се во центарот на вниманието од почетокот на конфликтот

Руската Служба за надворешно разузнавање (СВР) ја обвини Украина дека складира оружје доставено од Западот во нуклеарните централи низ целата земја. Во соопштението, СВР тврди дека ракетни минофрлачи ХИМАРС, системи за противвоздушна одбрана и артилериска муниција испорачани од САД биле доставени до нуклеарната централа Ривне во северозападна Украина.

„Вооружените сили на Украина складираат оружје и муниција доставени од Западот на територијата на нуклеарните централи“,

рекоа тие, додавајќи дека испораката на оружје за централата Ривне била испорачана во последната недела од декември.

Многу од нуклеарните централи во Украина се во центарот на вниманието од почетокот на конфликтот. Руските сили ја освоија нефункционалната нуклеарна централа Чернобил помалку од 48 часа по инвазијата, а исто така ја освоија и нуклеарната централа Запорожје – најголемата во Европа – на почетокот на војната.

И Киев и Москва се обвинуваат меѓусебно за гранатирањето на Запорожје, а Украина вели дека Русија го користи местото како де факто складиште за оружје. Нуклеарното тело на Обединетите нации изрази сериозна загриженост поради нападот во близина на централата, предупредувајќи на опасност од нуклеарна катастрофа.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дали скопјани пијат квалитетна вода?

Следно

Кишида: Приоритет на Јапонија е развивање на армијата

Latest from Blog

Општина Прилеп го одбележа Меѓународниот ден на Ромите со културен и достоинствен настан

Општина Прилеп го одбележа 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите, со настан исполнет со култура, талент и заедништво. Во текот на денот, градоначалникот заедно со претседателката и членовите на Советот на

Ирански напади врз Кувајт и ОАЕ

Армијата на Кувајт соопшти дека пресретнала и уништила 31 дрон, а нападите предизвикаа значителна штета на нафтените и енергетските постројки, како и на постројките за десалинизација на вода. И ОАЕ соопштија дека
Go toTop