САД ќе ја врзува помошта за Украина со помош за Израел?

October 12, 2023
1 min read

За планот се согласни и републиканци кои се за Украина да добие уште еден пакет помош, а и тие и колегите од демократите заклучиле дека речиси и нема да има проблеми низ Конгресот да протнат дополнителна помош за Израел, по упадот на Хамас.

Од Националниот совет за безбедност порачуваат дека „и двете се важни, а ние сме доволно голема, економски способна и активна држава да можеме и двете да ги поддржиме.“

Американската администрација веќе испрати итна воена помош за Израел, ама проценува дека на Тел Авив ќе му треба дополнителна помош која ќе мора прво да мине преку Конгресот.

Минатиот месец Белата куќа успеа преку дополнително задолжување да извади пари за да се плати работењето на американската администрација само откако се согласи дека во тие пари нема да влезе помош за Украина.

Американците објаснуваат и дека двата конфликти трошат различно оружје и муниција, па не се натпреваруваат за истите залихи.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

При сообраќајка пронајдено оружје во автомобил, истрага против две лица

Следно

Мицкоски: Го повикувам Ковачевски да се охрабри, да не биде кукавица, да не биде сокриен под фустаните на ДУИ

Latest from Blog

„ПОВЕЌЕ БИЗМАРК, ПОМАЛКУ ХИТЛЕР“, повеќе од 19, помалку од 20 век. Повеќе германска величина, помалку криминал

AfD сè уште држи над 40 проценти во анкетите на јавното мислење пред регионалните избори во Саксонија-Анхалт на 6 септември, а дебатата за можна забрана на AfD продолжува во Германија. Пред еден

Македонците во Албанија меѓу демографските предизвици и борбата за зачувување на идентитетот

Фото: Македонски весник “Илинден” Положбата на македонското национално малцинство во Република Албанија во последните години е проследена со низа предизвици, особено во традиционалните средини во кои живее македонското население, како што се

УЕФА го објави распоредот: Реал – Интер, Ливерпул – Атлетико на отворањето на новата сезона на ЛШ

Новата сезона во Лигата на шампионите ќе започне со неколку големи европски пресметки, откако УЕФА денеска го објави распоредот за главната фаза. Во првото коло, на 8 септември, Реал Мадрид на „Сантијаго
Go toTop