Најмалку 8 новинари загинаа во израелските напади врз Газа

October 11, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Најмалку осум новинари загинаа, а двајца се исчезнати во израелските воздушни напади врз Газа, кои започнаа по ненадејната офанзива на Хамас врз Израел во саботата, соопшти владината прес-служба во Газа, пренесува Анадолу.

Службата во соопштението наведе дека убиените новинари се Саид ал-Тавил, Мухамед Субх, Хишам ен-Навачихе, Ибрахим Лафи, Мухамед Чергун, Мухамед ес-Салихи, Есад Шемлах и Селаме Миме, додека уште двајца новинари, Нидал ал-Вахиди и Хејсем Абдулвахид, не се пронајдени.

Во меѓувреме, куќите на тројца новинари беа целосно уништени, а најмалку 40 медиуми дека биле цел на воздушни напади.

Ситуацијата ескалираше во Појасот Газа по нападите на палестинската група Хамас. Израел возврати со воздушни напади и ја стави енклавата под целосна блокада.

Исто така, го прекина снабдувањето со вода и електрична енергија во Газа, со што се влоши и онака лошата хуманитарна ситуација.

Во насилствата загинаа најмалку 2.100 луѓе, од кои 900 Палестинци и 1.200 Израелци.

Појасот Газа кој е дом на речиси 2,2 милиони луѓе, веќе од 2007 година е под израелска блокада.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пендаровски: Да ги зачуваме придобивките на славната антифашистичка генерација со демократска и функционална правна држава

Следно

Честитка од Џафери по повод 11 Октомври: Сплотеност за стабилна иднина

Latest from Blog

Зошто шефот на ЦИА итно отиде во Москва? ИНФОРМАЦИИ ЗА ОПАСНИОТ ПЛАН НА ПУТИН

Станува сè појасно зошто директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, во вторникот брзо отпатува во Москва. Хамиш де Бретон-Гордон, поранешен командант на британските сили за хемиско, биолошко, радиолошко и нуклеарно оружје, во анализа

ВЛЕН: Неприфатлива е глорификацијата на Ратко Младиќ и воените злосторници

Политичката партија ВЛЕН остро ја осуди, како што наведува, секоја форма на глорификација на четниците, а особено на Ратко Младиќ, кој е осуден за геноцид и други тешки воени злосторства. Од партијата

Речиси 500 мигранти со чамци пристигнале во Велика Британија за еден ден

 Ова се првите регистрирани пристигнувања од 17 август, објавува Би-Би-Си. Вкупно 494 лица беа истоварени од седум чамци во Довер и префрлени во база на Командата за гранична безбедност. Гумените чамци влегуваа
Go toTop