Саудиска Арабија и Иран ја повикаа ОИС да свика итен состанок за ситуацијата во Газа

October 10, 2023
1 min read

РИЈАД (АА) – Саудиска Арабија и Иран ги повикаа на итен состанок министрите за надворешни работи на земјите членки на Организацијата за исламска соработка (ОИС), на кој ќе се разговара за развојот на ситуацијата во Појасот Газа, кој е под израелска блокада, пренесува Анадолу.

Повикот на саудиската администрација е објавен во вестите на каналот „Ал Ихбарије“, официјалната телевизија на Саудиска Арабија.

Се наведува дека е испратена покана до ОИС за „вонреден состанок на ниво на министри за надворешни работи“, на кој ќе се разговара за тензиите што произлегуваат од палестинско-израелскиот конфликт во Газа.

Военото крило на Хамас, бригадите Ал-Касам, во саботата наутро започна сеопфатна операција наречена „Поплава Акса“. Илјадници ракети беа истрелани од Газа кон Израел, а вооружени групи влегоа во населените места во регионот.

Групата соопшти дека операцијата е одговор на израелските напади врз комплексот на џамијата Ал Акса во окупираниот Источен ал-Кудс/Ерусалим и зголеменото насилство од еврејските доселеници.

Бројот на Палестинци убиени од израелските сили во Газа се искачи на 704, од кои 143 се деца и 105 се жени, соопшти рано утринава Министерството за здравство со седиште во Газа. Се наведува дека бројот на ранети се искачил на околу 4.000.

Според Министерството за здравство, најмалку 900 Израелци загинале, а повеќе од 2.600 се ранети.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Со свечена церемонија, Меѓународниот Балкански Универзитет го одбележа почетокот на новата академска година

Следно

Сомнежи за злоупотреба на децата питачи, Тренчевска вели дека проблемот не може да се реши за еден ден

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop