Што и да се случи во оваа рунда од Израел-Газа војната, ние веќе изгубивме

October 9, 2023
2 mins read

Израелските безбедносни сили (ИДФ) ова го нарекуваат Операција железни мечови. Комплетниот ИДФ и Шин Бет со сите нивни средства на располагање, нивните дронови, нивното следење, нивното човечко разузнавање, нивното изнудување на човечки извори, нивната вештачка интелигенција, генијалците од елитната СИГИНТ единица 8200 – никој немаше поим.

Успехот на Хамас беше стратешки настан за израелската држава. Чувството на безбедност се распадна. Непријателот лесно ја пренесе војната на израелска територија без каков било одговор. ИДФ се покажа дека е гол. Херојство на војниците, неуспех на командата.

Нема ништо што да се каже за израелската полиција. Тие не можат да се справат со крадци на коли, ова е далеку над нив. И главно има се поголемо чувство дека тука нема држава, дека нема „ако нешто ми се случи, некој ќе дојде.“ Нешто се случи и никој не дојде. Со часови луѓето беа заробени во своите домови, соочени со терористи во џипови, и никој не дојде.

Израелското општество нема повторно да биде она што беше пред 7 октомври. Исто како што Јом Кипур војната го промени Израел, и ова го промени Израел. Пред нашиот нос се случи владин дебакл во ист обем како оној на Голда Меир. Воден од еуфорија и верување дека неделување е подобро од делување.

14 години Нетанјаху го одложуваше и одложуваше и одложуваше и одложуваше решението, одлуките. 14 години постоеше зависност од лагата за статус-кво, од повремени инциденти, од лажливиот спин дека непријателот е одбиен. И благодарејќи на 14 години Нетанјаху, малку по малку мутациите што тука ја загрозуваат нашата егзистенција растеа и растеа.

Претходните девет месеци беа само најава. Вооружени милиции на Западниот брег со поддршка од владата; владеењето на правото стануваше се послабо и послабо; фашистички елементи во владата; министер за национална безбедност кој е неуспех; членови на Кнесетот кои глорификуваат убијци; збирка министри на Ликуд кои немаат никакво релевантно професионално искуство; распаднати јавни служби, непостоечки социјални услуги. Нема полиција, нема скали за пожарникарите во Арад. Професионалците се исмеваат. Предупредувањата се третираат со презир. И ова е цената.

Израел е пред пресвртница. Оптимистичкото сценарио е дека ќе го замениме овој куп лидери со талентирани, луѓе кои вредат кои можат да ја вратат земјата повторно да функционира. Владата ќе се справува со здравјето, социјалната помош, безбедноста и образованието во име на граѓаните, наместо лудилото на Левин и Ротман. Галит Дистал-Атбајран ќе се врати на снимање филмови за Израелската државна телевизија. Либералниот камп кој изминативе девет месеци излезе заедно ќе се бори за земјата и ќе ги врати таквите како Шанамел Дорфман во канализацијата од која излегле.

Песимистичкото сценарио е дека фашистичките фракции во владата ќе ја искористат кризата за да обележуваат непријатели и предавници кои се виновни за катастрофата. Кои направија да не реагираме. Кои направија да станеме послаби. Ќе сакаат да ги забранат, да вршат репресија врз нив, ќе ја испратат националната гарда да ги гони.

Фашистичките режими секогаш ја искористувале безбедноста и кризите во општеството за да ги обележат своите предавници. Ние сме во војна за нашите домови, против Хамас однадвор и фашистите одвнатре. За нив, кризата е шанса. Не можеме да си дозволиме да ги затвориме нашите очи.

Шаим Левинсон,
Хаарец

ИЗВОР: off.net.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Операта „Турандот“ од Џакомо Пучини на 13 октомври во Националната опера и балет

Следно

(ВИДЕО) Вечерва во 360° на МРТ 1: Интервју со Оливер Спасовски за личните амбиции, односот кон Максим Димитриевски, случаите на корупција…

Latest from Blog

Ги знае ли некој овие играчи: Ова е составот на Италија за пријателските!(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/NazionaleCalcio/ Привремениот селектор на италијанската фудбалска репрезентација, Силвио Балдини, објави практично нов состав за претстојните пријателски натпревари против Луксембург и Грција. Веста официјално ја објави Италијанската фудбалска федерација (FIGC). Селекцијата е преполна

Тројца загинале во Уганда- се судриле со слон

Полицијата соопшти дека уште четири лица се повредени во несреќата, што се случила во Националниот парк Мерчисон Фолс на северозападниот дел од земјата во недела навечер. Седум службеници на Управата за приходи

Малолетничка со породилни болки донесена на Гинекологија, мајката приведена

Малолетничка со породилни болки вчера била донесена на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, по што интервенирала полицијата, а нејзината мајка била приведена. Според информациите од МВР, случајот бил пријавен
Go toTop