Нашата земја има речиси најнизок ДДВ во Европа, непортебно се шири хистерија и лажни вести за поскапувања на одредени продукти, вели Ковачевски

October 7, 2023
4 mins read

Кога ќе ја видиме листата на повластени производи, на таа листа се 1600 основни продукти, и тоа е најголемата листа на повластени производи, и тука спаѓаат основни производи. Видов шпекулации дека брашното ќе се покачи, но не е точно, изјави премиерот Димитар Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски, по поскапувањето на одредени продукти чиј ДДВ од 5% се зголеми на 10% денеска изјави дека С Македонија има најнизок ДДВ во регионот, а прехранбените производи кои поскапеа и понатаму се со повластена стапка, т.е се под основната стапка за даночење од 18%.

Тој дополнително рече дека за оваа одлука имало многу детален брифинг од Министерството за финансии, а воедно на неа работеле и голем број на експерти, претставници од академската фела и стопанските комори, и затоа не треба да се прави хистерија и да се шират невистини за поскапување на некои производи, особено кај оние од повластената листа.

„Видов шпекулации дека брашното ќе се покачи, но не е точно. Хистерија се шири за ова и сметам дека е непотребно. Така што овие производи кои се прозведуваат на 5%, и се однесува на 1600 такви продукти кои остануваат на 5%, имаме гарантирани цени кои се оставени на стапки од 5%. Она што е направено е направено да го штити стандардот на граѓаните, второ ќе видите дека струјата не поскапи, не поскапи парното, ниту храната“,

рече Ковачевски.

Премиерот кажа и дека не постои никаква селективност во спроведувањето на мерки, и со тоа според него, до крајот на годината ќе дојдеме 5% инфлација која ќе биде на ниво на едно од пониските во регионот и Европа. Тој рече дека треба а се земе во предвид и тоа што ДДВ во Македонија е најнизок во регионот и речиси во цела Европа, бидејќи кај нас изнесува 18%, додека пак во Србија 20%, Грција 21% и Албанија 20%.

„Листата, доколку постои некој производ 2-3 производи кои претставуваат во колични нешто што се користи во секојдневна основа, може да се разгледаат. Но листата е добро прегледана, но тие се оние производи кои во најголем дел се користат во нивната секојдневна употреба. Тука спаѓаат и производи во производство на храна, исто така земјоделска механизација, ѓубрива, и така натаму“,

кажа Ковачевски.

Вчера, министерот за финансии, Фатмир Бесими кажа дека

споредено со другите држави од регионот и од Европската Унија и со оваа Одлука земјава останува со најширока листа на производи со најниска повластена тарифа.   

„Споредено со другите држави од регионот ние сме со најниска основна стапка на ДДВ од 18 проценти, кај останатите е 20, 23, 25, 27… И во таква ситуација сме со најниска повластена стапка и за разлика од некои што имаат само една повластена стапка ние имаме две. Кон оваа Одлука е пристапено многу внимателно во однос на заштитата на стандардот, особено за тие со пониски примања и таа нема да влијае на производите што се на листата на времената мерка на Владата за гарантирани цени“,

вели министерот Бесими.  

По реакциите во јавноста од Министерството за финансии излегоа и со соопштение во кое посочија дека Одлуката содржи над 1 600 производи кои и понатаму ќе продолжат да се оданочуваат со најниска даночна стапка од пет проценти. 

„Тука спаѓаат месо – говедско и свинско, кланични производи во саламура, чадено и сушено, риба – пастрмка, крап, други слатководни риби, ослич, млеко, павлака, кисело млеко, јогурт, ќефир, сирење, најголем дел од кашкавалот, путер, јајца, природен мед, желудници, зеленчукот и овошјето, урми, смокви, агруми (портокали, лимон, мандарина, грејпфрут), брашно од пченица и и брашно од жита, пченица, јачмен, рж, ориз, пченка, соја, кикиритки, сончогледово масло, маслиново масло, пченкарно масло, маргарин, колбаси и други конзервирани производи од месо, конзервирани риби – туна, сардина, сардинели, паплини, шеќер, какао во прав, тестенини, леб, бисквити, ајвар, конзервирани кратставици и корнишони, кисела зелка, конзервирани печурки, слатки пиперки, џемови и слатка, кечап и други сосови од домат, супи, оцет, сол, ореви, костени… На листата меѓу другото се и семенски материјал, ѓубрива, земјоделски алати и механизација, а истата е дополнета со менструални производи а додека пак прометот на пелетите за греење останува да се оданочува со 5 отсто“,

се наведува во соопштението на МФ. 

Листата на производи коишто ќе се оданочуваат со повластена стапка од 10 отсто, додаваат од министерството, се производи кои не претставуваат производи за основна исхрана односно имаат карактеристика на производи кои не се дел од секојдневната трпеза, а дел од нив не се препорачуваат за човековото здравје. 

„На оваа листа меѓу другите се различни производи од лосос, козјо месо, посебни видови на туна кои се ретки, и кои не се во општа употреба, бадеми, индиски ореви, бразилски ореви, тропско овошје, некои видови зачини, палмино масло, кавијар, посебен вид на кашкавали кои не претставуваат традиционален производи и се од растително потекло и слично. Исто така, поместувањето на некои од производите на оваа листа се со цел и заштита на домашното производство и заштита на економијата“,

појасија од Финансии. 

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи излезе со став дека не е вистина дека има зголемување на цената за илјада производи, туку се опфатени 358 категории на производи. Според него, граѓаните најмногу реагираат за зголемувањето на ДДВ од 5 на 10 отсто за 10 прехранбени производи кои се опфатени со одлуката за зголемено ДДВ и вели дека нема никаков проблем Владата уште на наредната седница во вторник да направи измена на одлуката за тие производи. 

Со порака до граѓаните да бидат спокојни и дека производите кои се продаваат со „гарантирана цена“ нема да поскапат се јави и министерот за економија Крешник Бектеши.  

„Министерството за економија целосно стои зад Одлуката за намалување на цените на основните прехранбени производи која ја донесовме пред две недели. Најмалку до 30 ноември, до кога е на важност оваа одлука, отстапување од нејзе нема да има. Сите производи кои се опфатени во Одлуката за намалување на цените на Министерството за економија ќе останат со даночна стапка од пет проценти“,

напиша Бектеши на Фејсбук. 

Во случај да има техничка грешка во листата на производи опфатени со Одлуката на Министерството за финансии за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на ДДВ, Бектеши вели дека тоа ќе биде корегирано на следната седница на Владата. 

„Цените на основните прехранбени производи можат само дополнително да се намалат, но не и да се зголемат“,

додава министерот за економија.  

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Средба со авторите на краткиот филм „Лубеница“, ЕПИК разговори и меѓународна вечер на „Џифони Македонија“

Следно

Официјалните лица на ЕУ ги осудија нападите на Хамас, му дадоа поддршка на Израел

Latest from Blog

Битола ќе добие нова енергија – ВМРО-ДПМНЕ ја откри советничката листа!

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ја претставија својата советничка листа за Битола, нагласувајќи дека нудат комбинација од континуитет, искуство и свежа енергија за новата голема победа. „Остануваме посветени на Битола, продолжуваме искрено, вредно и

ТРЧАЈ БЕ 2025 – големи спортски настани во Битола

СВР Битола заради одржување на спортската манифестација ТРЧАЈ БЕ 2025, во чии рамки годинава ќе се одржи и Националното првенство во полумаратон, на ден 14.9.2025 година (недела) во Битола, во временскиот период

Влада на Косово: Односите со САД остануваат стабилни, ги поздравуваме критиките

На „Фејсбук“, Криезиу истакна дека Косово е „најсериозен партнер на САД за стабилност и мир во регионот“. Тој додаде дека Владата, по првпат од прогласувањето на независноста, го исполнила мандатот, придонесувајќи за

Првпат во Македонија: Пациентите добиваат лесно достапна ласерска интервенција за варикозни вени

(Скопје,13.09.2025) — Во Македонија од денеска е достапен третман кој претставува вистински напредок во понудата на медицински услуги – ласерска интервенција за аблација на варикозни вени. Станува збор за најсовремена технологија која
Go toTop