„Тој што не ја знае, скапо ја плаќа“ – искоментира Славески на изборот на Арсовска за претседател на Форумот на градоначалници на ОН

October 4, 2023
2 mins read

Од Град Скопје велат дека изборот на Арсовска е уште една потврда од светот за нејзините и заложбите на градската администрација и признание за Градот во меѓународни рамки за посветеноста и иновативноста, со што се етаблира како лидер во доброто управување во локалната самоуправа. Сепак, со ова, се чини, не се согласуваат сите во Градот Скопје, особено не претседателот на Советот на Градот, Трајко Славески, кој во објава на социјалната мрежа „X“ (претходно Твитер) искоментира: „Тој што не ја знае, скапо ја плаќа“

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, е избрана за претседател на Форумот на градоначалници што се одржа во Обединетите нации во Женева, Швајцарија, соопштија денеска од Град Скопје.  

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, во Обединетите нации во Женева / Фото: Град Скопје

За потпретседатели на Арсовска се избрани градоначалникот на Брага во Португалија, Рикардо Рио, и градоначалничката Сузан Аткин на шкотскиот град Глазгов, Велика Британија. 

„Годинава за првпат како официјално тело во рамки на Обединетите нации, исклучителна чест претставува фактот што Арсовска беше избрана како претседател и ја доби довербата преку директно гласање на Форумот во кој учествува по еден градоначалник од секоја држава од Паневропскиот регион, Северна Америка, Африка, Азија, Латинска Америка и Блискиот Исток“,

се наведува во соопштението на Град Скопје. 

Од Град Скопје велат дека изборот на Арсовска е уште една потврда од светот за нејзините и заложбите на градската администрација и признание за Градот во меѓународни рамки за посветеноста и иновативноста, со што се етаблира како лидер во доброто управување во локалната самоуправа. 

Сепак, со ова, се чини, не се согласуваат сите во Градот Скопје, особено не претседателот на Советот на Градот, Трајко Славески.  

Тој во објава на својот профил на социјалната мрежа „X“ (претходно Твитер) иронично го искоментира изборот на Арсовска за претседател на Форумот на градоначалници на ОН.  

„Тој што не ја знае, скапо ја плаќа!“,

напиша Славески на социјалната мрежа со линк до вест за градоначалничката Арсовска.  

Инаку, скопската градоначалничка, како што информираат од Грда Скопје, со својот тим ќе учествува директно во формирање на програмата на Комитетот за урбан развој, домување и управување со земјиштето на Обединетите нации и преку усвојување декларации ќе учествуваат во креирањето на меѓународните политики за локалните власти.  

„По изборот на Град Скопје за Европскa престолнина на културата 2028 ова претставува уште еден огромен успех на меѓународна сцена за градот. Како на домашен така и на меѓународен план Град Скопје продолжува да работи на остварување на заложбите и програмските определби за оставарување на проектите кои се дел од програмата ‘За модерно Скопје’,

велат од Градот.  

Скопската градоначалничка Данела Арсовска со колеги во ОН во Женева / Фото: Град Скопје

Во врска со коментарот на Славески, антагонизмот меѓу него и градоначалничката на Скопје почна пред една година кога Арсовска смени неколкумина директори на локални претпријатија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и изнесе обвинувања на сметка на лидерот на партијата, Христијан Мицкоски.  

Инаку, Арсовска победи на локалните избори во 2021 година и стана градоначалник на Скопје токму како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.  

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Османи: Со ништо не може да се намали важноста и итноста на уставните измени

Следно

Османи: Ако се докаже дека Србија е вмешана во нападот во Северно Косово, треба да го преиспитаме учеството во Отворен Балкан

Latest from Blog

Европа вложува милијарди во критични минерали: каква шанса има Македонија?

Европската Унија ја забрзува потрагата по сопствени извори на критични минерални суровини, а новите инвестиции во Финска, Шведска и Германија покажуваат колку капитал е потребен за развој на современото рударство. Проект за

Божиновска: Младите инженери имаат знаење и идеи за одржлива енергетска иднина

Инвестицијата во знаење и млади инженери е подеднакво важна како и инвестицијата во енергетската инфраструктура, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на Четиринаесеттата студентска конференција за енергетска ефикасност

Николоски: Инфраструктурните проекти создаваат подобри услови за странски инвестиции

Ја реализираме абициозната агенда што ја имаме во делот на инфраструктурниот развој на државата. Градиме нови автопати и железницица и со тоа правиме конкуретни услови за влез на нови инвеститори, но се

Министерство за енергетика: Гасоводот со Грција напредува, се подготвува поврзувањето со Србија

Изградбата на гасоводот со Грција напредува, паралелно се подготвува интерконекторот со Србија и се спроведуваат технички проверки за ставање во функција на домашните гасоводни делници, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални

Меџити: Заедничкиот развој и стабилноста се во интерес на Македонија и Косово

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, во Старата скопска чаршија ја пречека претседателката на Собранието на Косово, Албулена Хаџиу. На средбата разговараа за добрососедските односи, институционалната соработка и
Go toTop