ОН објави дека нема знаци на насилство врз ерменските цивили во Карабах

October 3, 2023
1 min read

ЊУЈОРК (АА) – Обединетите нации (ОН) соопштија дека нивната делегација што заминала во Карабах не нашла докази за насилство врз ерменските цивили и дека цивилната инфраструктура во регионот не била цел на напад, јавува Анадолу.

Портпаролот на ОН, Стефан Дујариќ, изјави дека делегацијата на ОН го посетила Карабах за време на викендот на покана на Владата на Азербејџан.

Наведувајќи дека делегацијата се обидува да ги идентификува хуманитарните потреби во регионот, Дујариќ рече дека во делегацијата има претставници на Светската здравствена организација (СЗО), Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ), Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) и Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања на (OCHA).

Тој додаде дека делегацијата извршила увид на граничниот пункт во Лачин и градот Ханкенда.

„Делегацијата соопшти дека не нашла докази за насилство врз ерменските цивили и дека цивилната инфраструктура во регионот не била цел“, рече Дујариќ.

Наведувајќи дека азербејџанските сили не гаѓале болници, училишта, куќи, верски или културни центри и дека Владата на Азербејџан започнала активности повторно да обезбеди непречени здравствени услуги, Дујариќ дека е забележано оти не е предизвикана штета кај земјоделските површини и добитокот.

Дујариќ изјави дека делегацијата се сретнала и со претставници на ерменската заедница во Карабах.

Истакнувајќи ја важноста од враќањето на довербата во регионот, Дујариќ рече дека сите страни треба да вложат напори за тоа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски: Чест ми е што сум избран за известител од Советот на Европа за БиХ особено што доаѓам од опозициска партија, а целта е што побрзо да се изработи извештајот за државата

Следно

Штрајк на контролорите на летање на 12 октомври – од 11 до 17 часот нема да се опслужуваат воздухоплови

Latest from Blog

ВЛЕН: Растат инвестициите, извозот и индустријата – економијата со раст од 4,3 отсто

Економскиот раст од 4,3 отсто во вториот кварталпретставува позитивен сигнал за македонската економија, оценува ВЛЕН, од каде посочуваат дека зад растот стојат зголемените инвестиции, извозот и производството. Според податоците што ги презентира

Проданоски: Со благослов и молитва осветен храмот „Св. Никола“ во Беровци

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска присуствуваше на осветувањето на храмот „Св. Никола“ во прилепското село Беровци. На свечениот чин присуствуваа и Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, свештенството, голем број

ИЗРАЕЛСКИ ВОЗДУШНИ УДАРИ ГО ПОТРЕСОА ЈУЖЕН ЛИБАН – 4 загинати, 20 повредени

Нови израелски воздушни напади го погодија јужен Либан, при што најмалку четири лица загинаа, а 20 се повредени, објави либанската државна новинска агенција ННА. Во нападите во подрачјето на Набатије била погодена

Три дена вкусови, традиција и музика: Позната целосната програма за „Taste the South“

Од 11 до 13 септември, Гевгелија ќе биде исполнета со традиционални вкусови, македонски вина, музика и забава во рамките на четвртото издание на гастрономско-музичкиот фестивал „Taste the South“. Препознатливиот фестивалски бренд на
Go toTop