Првиот генерал на Канада не се извинува за аплаузот за нацистот

October 2, 2023
1 min read

Отава Ситизен напиша дека началникот на штабот на канадската одбрана, генерал Вејн Ејр, „одби да се извини за неговите овации“ за Јарослав Хунка од СС дивизијата одговорна за лов на антинацистички партизани, масакрирање на илјадници цивили и спалување на стотици живи полски селани.

Нацисти не се далечна тема за генерал Ејр. Тој ги има обучувано, оние денешните, во Украина.  Во 2017 година, украинскиот баталјон Азов на својата веб страница објави фотографии од нивниот состанок со високи канадски воени претставници, кои пристигнаа во Украина за да помогнат во обуката на познатата неонацистичка единица, која беше официјално инкорпорирана во Украинската национална гарда.

Една година подоцна, Азов објави фотографии од средба со канадскиот воен аташе, полковникот Брајан Ирвин. На прашањето од новинарот Аса Винстанли, канадскиот воен портпарол ја оправда обуката на наци-батаљонот дека сесијата вклучувала „тековен дијалог за развој на разновидна и инклузивна Украина“.

Само четири месеци пред руската инвазија на Украина, Центарот за студии на холокаустот „Пријатели на Симон Визентал“ испрати писмо до генералот Вејн Ејр и министерот за одбрана Харџит Сајан, барајќи истрага за прашањето дали се обучуваат украински нео- нацисти. Ако се обучуваат, да се престане со тоа. 

„Ако Канада веќе обезбедува воена обука за странски сили, наша одговорност е да знаеме дека не обучуваме неонацисти“, рече Хаиме Кирзнер-Робертс од Центарот. „Тоа е наша обврска кон канадските ветерани кои жртвуваа многу за да се победи фашизмот во Европа“.

Таквите предупредувања, не само што не биле послушани, туку програма за тренирање била унапредена.  Канада инвестираше дополнителни 1,6 милијарди американски долари во вооружување и инструкции на војската на Киев.

На мергините на посетата на Зеленски, Отава одобри дополнителни 483 милиони американски долари за помош и обука за борбени авиони Ф-16.

Канадската шема за испраќање оружје во Киев и обука на украинските сили официјално започна во 2014 година, само неколку месеци откако антируските сили ја соборија демократски избраната влада на Виктор Јанукович во државен удар поддржан од американската влада. Под покровителство на „Операцијата УНИФИЕР“, повеќе од 33.000 украински војници добија „напредна борбена инструкција од канадски офицери“, објави лани канадската државна CBC.

И покрај напорите Азов да се испере од нео-нацистичките елементи, батаљонот го задржа својот водач Андреј Билецки, кој еднаш ја опиша улогата на Украина на глобалната сцена „да ги води белите раси во последната крстоносна војна … против подлуѓето предводени од Семитите“.

 

 

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Османи: Руската воена агресија врз Украина е најголем тест за нашата посветеност за заштита на човековите права

Следно

Пирло може да добие отказ поради – Несторовски!

Latest from Blog

Меџити: Заедничкиот развој и стабилноста се во интерес на Македонија и Косово

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, во Старата скопска чаршија ја пречека претседателката на Собранието на Косово, Албулена Хаџиу. На средбата разговараа за добрососедските односи, институционалната соработка и

Над 11 милиони денари промет на Македонската берза, најтргувана Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 27.10.2026 заврши со благ пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.858,11 поени. Во

„Кромберг и Шуберт“ и Германската стопанска комора ја зајакнуваат соработката во Битола

Фабриката на „Кромберг и Шуберт“ во Битола ја посетија директорката на Германската стопанска комора во Северна Македонија, Антје Ванделт, и заменик-директорката Лара Крстева Ичоќаева. За време на работната посета се одржал состанок

Коњановски: Енергетска фасада и нов систем за греење за ОУ „Стив Наумов“ во Битола

Во битолското ОУ „Стив Наумов“ денеска беа извршени примопредавање и технички преглед на поставените топлински пумпи, кои треба да го заменат досегашното греење со екстра лесно масло. Во присуство на градоначалникот на

„Фајненшел тајмс“ предупредува на недостиг на бакар од 2028 година – Македонија има значајно наоѓалиште во Иловица

Светот се подготвува за недостиг на бакар што може да ги погоди некои од најважните индустрии, од обновливите извори на енергија и електричните автомобили до вештачката интелигенција и одбранбениот сектор. Во анализа
Go toTop