Албанија: Студентите по медицина протестираат против принудните вработувања

October 2, 2023
1 min read

ТИРАНА (АА) – Студентите по медицина на првиот ден од почетокот на новата академска година во Албанија протестираа против нивното принудно вработување, како услов за добивање диплома, јавува Анадолу.

Десетици студенти на Медицинскиот факултет во Тирана протестираа во близина на просториите на Универзитетскиот болнички центар „Мајка Тереза“ во Тирана и Деканатот на факултетот, спротивставувајќи се на законот што ги одредува начините за нивно вработување по дипломирањето.

Со транспаренти со натписи „Кога неправдата станува закон, отпорот станува обврска“, „Медицината бојкотира – откажи го законот“, „Побегнавме затоа што мислевме дека нема надеж, заборавивме дека ние сме единствената надеж“, студентите протестираа против законот што ги одредува начините за нивно вработување по дипломирањето.

Во меѓувреме, група студенти кои протестираа исто така предупредија на бојкот на наставниот процес и продолжување на протестите.

Група студенти по медицина и претходно организираа протести против нивното принудно вработување, а од друга страна, група студенти по медицина се „за“ овој закон.

– Закон на кој се спротивставија студентите

Законот „За посебен третман на студентите по медицина во јавните високообразовни институции“, беше усвоен на Парламентот на Албанија на 21 јули 2023 година, а против него се спротивставија студентите по медицина и граѓанските активисти.

Според законот, студентите кои ќе бидат примени во прва година медицина во јавните високообразовни институции, по завршувањето на студиите ќе потпишат договор за вработување на 5 години во Албанија.

Според законот, студентите кои се во процес на студирање, ќе имаат можност да изберат помеѓу сигурно вработување, со обврска да работат 3 години во Албанија, доколку се студенти од втора до четврта година; студенти од петта и шеста година со обврска да работат 2 години во Албанија, или, во спротивно, ќе ја платат реалната цена за студирање за останатите години.

Албанските институции изјавија дека овој закон главно има за цел да ги задоволи потребите на здравствениот систем за лекарите, нивна подобра распределба, како и спречување на заминувањето на лекарите на работа во странство.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пацинетка алармира дека остана без лек, од Онкологија ѝ вратија да не крева паника

Следно

Стано за мерките против Србија: ЕУ ги чека конечните резултати од деталната истрага

Latest from Blog

Божиновска: Стартува голем инвестициски циклус за енергетска обнова на јавните згради

Денес се одржа онлајн координативен состанок со сите релевантни чинители во процесот на енергетска трансформација, на кој учествуваше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, при што беше означен

Комерцијална банка најликвидна, а ЗОИЛ Македонија со доминантен блок – МБИ10 со пад од 0,15%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 30 март 2026 година, индексот МБИ10 се намали за 0,15% и заврши на 9.918,01

Британски дипломат протеран од Русија поради обвинувања за шпионажа

Доказите за шпионажа ги открила Московската агенција за безбедност и контраразузнавање, пренесуваат руските медиуми, при што на неименуваниот дипломат му е наредено да ја напушти земјата во рок од две недели. Британската

Министерството за правда и Управниот суд потпишаа Меморандум за соработка

Во пресрет на Денот на правосудството, Министерството за правда претставувано од министерот за правда Игор Филков и Управниот суд претставуван од претседателот на судот, Бурим Сејдини, потпишаа Меморандум со кој се воспоставува
Go toTop