Сѐ додека не се внесе промената на формулацијата од 20 отсто јазикот што го зборуваат граѓаните во албански јазик, пратениците на Беса нема да ги гласаат уставните измени, вели во неделното интервју за РСЕ лидерот на движењето Биљал Касами.
Тој вели дека албанската опозиција окрупнува и ја отвора вратата за партиите кои ќе и се спротивстават на ДУИ. За претстојните претседателски избори Касами најавува заеднички кандидат на опозицискиот фронт.
Тој вели дека предизборно нема можност за каква било комбинација со ВМРО-ДПМНЕ, па и со која и да е друга македонска опозициска партија.
Општеството во Македонија не е спремно за такви комбинации и веќе за жал, можам да констатирам дека се враќаме на етничките гласови и партиите ќе кандидираат и ќе нели се натпреваруваат во тој етнички кампус за да се оди после во постизборни комбинаторики кој со кого ќе коалицира за владата. После избори, ние како опозиција ако ги добиеме изборите кај Албанците, ако добиеме мнозинство албански гласови и пратеници, ќе седнеме да видиме кои се можни комбинаторики и кои од тие партии би ги прифатиле и нашите нели програмски определби за да бидат дел од определбите на идната влада – вели Касами.
На прашањето, зошто толку му е важна поддршката од косовскиот премиер и што конкретно очекува од Албин Курти, Касами вели дека Косово за него бил пример како Македонија треба да се однесува во делот на градењето на државата и во сферата на меѓуетничките односи.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.