Спасовски на селекција на кандидати за полициски службеник во Центар за обука Идризово: Сериозен пристап во продуцирање професионални полициски службеници

September 30, 2023
1 min read

реклама

Денеска (30.09.2023), министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со дел од раководствата на Министерството за внатрешни работи и на Македонскиот полициски синдикат, го посети Центарот за обука на МВР во Идризово, каде што во тек е процесот на селекција на кандидати за 12-месечна основна обука за полициски службеници, во генерацијата 2023-2024 за кој Министерството за внатрешни работи имаше распишано јавен оглас за прием на 600 извршители на работно место полицаец за работа во МВР, објавен на 10.08.2023 година. 

„Годинава вкупно се пријавени 1.458 лица, од кои 1.105 се мажи и 353 жени, поради што можам да констатирам дека од година во година се пријавуваат сѐ повеќе жени. Селекцијата на кандидатите започна на 27 септември, со утврдување на исполнетоста на посебните услови, како што се потребната висина и проверка на моторичките способности. Обуката се состои од теоретска настава и ситуациони вежби, кои се спроведуваат овде во Центарот за обука, но и практичен дел на стекнување на вештини, кои се изведуваат во полициските станици,  при Секторите за внатрешни работи. Моделот на полициската едукација кој го спроведуваме е заснован на годишна наставна програма, во која се опфатени активности и задачи низ три модули на стекнување нови знаења и вештини од областа на полициското работење”, истакна министерот Спасовски во изјава за медиумите. Притоа, тој потенцираше дека сериозно се пристапува кон селекцијата на кандидатите за полициски службеник, имајќи ги предвид реформите во делот на вработување на полициски службеници.

реклама

„Тука би ја споменал и исклучително важната реформа којашто ја спроведовме, а со која го променивме и концептот на вработување на полициските службеници, преку измените на Законот за внатрешни работи и Законот за полиција од март 2022 година, согласно новиот Колективен договор со Македонскиот полициски синдикат. Станува збор за забрана за членување во политичка партија и  задолжителен тест за интегритет и увид во имотната состојба, со цел спречување  на корупцијата и на злоупотребата на службената положба и јакнење на интегритетот на секој работник. Полициските службеници се на браникот на државата и на граѓаните и веќе не може да стане збор за исполнување на некои туѓи интереси, а ресурсите на МВР не може да се користат во партиски цели”, рече министерот Спасовски, додавајќи дека  е постигната целта којашто беше поставена во 2017 година за конечна департизација, професионализација и декриминализација на македонската полиција. 

„Ова е навистина сериозен пристап во продуцирање на професионални и компетентни полициски службеници, кои во иднина ќе ги остваруваат своите професионални задачи и обврски, постапувајќи согласно Уставот, законите и подзаконските акти, а со тоа ќе придонесат кон подобрување на безбедноста на граѓаните”, истакна министерот Спасовски.

реклама

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

ВИДЕО: Во 2016 како осумгодишник му беше придружба, а сега го „натера“ Рамос да си даде автогол

Следно

Изложба на досега необјавени фотографии – „Лица на револуцијата“

Latest from Blog

Одлука за живот по смртта: Личната волја станува клучна за дарување органи

Органодарителството во Македонија добива нов импулс со најавените законски измени според кои секој полнолетен и деловно способен граѓанин ќе може однапред да се изјасни дали сака по смртта да биде дарител на

Азија се уште без пораз на Мундијалот!

фото: FIFA World Cup Stats (X) Репрезентациите од Азија се уште немаат ниту еден пораз на ова Светско првенство. Во првото коло од групната фаза досега настапија 6 од 9-те претставници на

Димитриеска-Кочоска: ИФЦ е клучен партнер за инвестиции и економска трансформација на Македонија

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска се обрати на првиот „Ден на ИФЦ“ во Македонија, настан организиран од Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ). Во своето обраќање, министерката истакна дека во услови на глобални предизвици,

Божиновска: Потпишан грант од 2,4 милиони долари за подготовка на когенеративната централа во РЕК Битола

Во Владата на Република Македонија, свечено потпишан Договорот за грант во вредност од 2,4 милиони американски долари помеѓу АД ЕСМ и Светска банка, со кој започнуваат подготвителните активности за реализација на проектот

Димитриеска-Кочоска: ИФЦ е клучен партнер за инвестиции и економски раст

16 јуни 2026 година, Скопје – Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска се обрати на првиот „Ден на ИФЦ“ во Македонија, настан организиран од Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ). Во своето обраќање, министерката истакна
Go toTop