Азербејџанскиот претседател Алиев: Азербејџан сака мир на Кавказот

September 30, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев повика на мир и стабилност во регионот на Кавказот, пренесува Анадолу.

Церемонијата на отворање на 2. Азербејџански национален урбан форум организиран од Државниот комитет за урбанистичко планирање и архитектура на Азербејџан во соработка со Програмата на Обединетите нации за човечки населби (UN-Habitat) се одржа во провинцијата Зангилан како дел од Урбаната недела на Азербејџан, објави државната новинска агенција АЗЕРТАК.

„Сакаме мир во Азербејџан. Мислам дека она што го гледаме овде во Зангилан покажува дека сакаме мир. Сакаме да ја обновиме земјата, да ги донесеме нашите бегалци и да живееме мирно“, рече Алиев за време на церемонијата. „Сакаме мир на Кавказот. Тој е достапен и изборот треба да го направи Ерменија“.

Алиев рече дека по завршувањето на Втората војна за Карабах, од азербејџанскиот буџет се потрошени 7 милијарди долари за обнова на ослободените територии, меѓу кои и Зангилан.

За антитерористичката операција спроведена на 19 септември, Алиев рече: „Антитерористичката операција траеше помалку од 24 часа. Сега сите знаат како заврши. Дали продолживме? Не, сопревме. Немавме никакви намери да продолжиме“.

Нагласувајќи дека Азербејџан го признава територијалниот интегритет на Ерменија, Алиев рече: „Да имавме други намери, на 20 септември работите немаше да сопрат. Сакам сите да го знаат тоа. Ерменското раководство, оние кои стојат зад нив и оние кои можеби кројат некои неприфатливи планови против Азербејџан.“

Алиев ги повика Азербејџан и Ерменија да почнат да работат на нацрт мировниот договор по антитерористичката операција.

„Откако Азербејџан го поврати својот суверенитет на 20 септември, ќе биде полесно да се постигне решение и да се потпише мировен договор што е можно поскоро“, рече Алиев.

Азербејџанскиот претседател, исто така, ги повика завојуваните страни активно да работат на делимитација на границата и да стават крај на долготрајниот конфликт.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Груби ја направи Македонија бизнис-партнер со бугарски мафијаш кој се наоѓа во притвор

Следно

Петровска-Тагарев: Соработката во одбраната помеѓу Северна Македонија и Бугарија е исклучително значајна

Latest from Blog

„ВРЕМЕ Е УКРАИНА ДА ДОБИЕ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ!“ Трамп повика на смена на Зеленски: „Имаше многу шанси, не искористи ниту една од нив“ (ВИДЕО)

Доналд Трамп, претседателот на Соединетите Американски Држави, отворено повика на промена во украинското раководство, велејќи дека е време Украина да добие нов претседател наместо Володимир Зеленски. Тој ја даде изјавата пред новинарите

Во Шведска е одигран најлудиот меч во историјата, паднаа 11 гола во вториот дел, а победникот беше решен во 99-та минута (Видео)

Фудбалерите на АИК и Бромапојкарна одиграа натпревар за паметење во шведскиот фудбал, во кој беа постигнати дури 11 гола во второто полувреме. Гостите на крајот славеа со неверојатни 5-6, иако во финишот
Go toTop