Гази Баба со директна финансиска поддршка за ФК Вардар

September 28, 2023
1 min read

Во објава на својата официјална страна на Фејсбук, градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски информира дека Советот на општина Гази Баба на денешната редовна седница на негов предлог донел одлука за доделување на финансиска поддршка за ФК Вардар.

Во објавата градоначалникот Стефковски напиша:

„ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ФК ВАРДАР ОД ОПШТИНА ГАЗИ БАБА.

Македонскиот бренд, фудбалскиот клуб Вардар добива директна финансиска поддршка од општина Гази Баба.

Со задоволство сакам да објавам во јавноста дека на денешната редовна седница Советот на општина Гази Баба го прифати мојот предлог и одобри финансиска поддршка за функционирањето на ФК Вардар во висина од 250.000 денари.

Вардар е срцето на Македонија!

Вардар ја заслужува нашата поддршка“! – напиша Стефковски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Српскиот претседател Вучиќ го информира шефот на дипломатијата на Данска за ситуацијата во Косово

Следно

Прекината седницата за пратенички прашања

Latest from Blog

Бомба за крајот на преодниот рок: Сити го носи Енцо Фернандез за 140 милиони евра!

ФОТО: Chelsea Football Club/FB Челзи и Манчестер Сити постигнаа договор за трансферот на Енцо Фернандез, според информациите од францускиот весник „Л’Екип“. Аргентинскиот играч за врска ќе ја продолжи кариерата на „Етихад“, а

Паника на Тајмс Сквер во Њујорк: Жена напаѓа луѓе со нож, тргна и на полицијата- двајца загинати (ВИДЕО)

Според локалните медиуми, осомничената, Памела Циснерос (49), избодела две лица со нож во растојание од само 20 секунди. Прво избодела 68-годишен маж во стомакот додека излегувал од станица на метрото и чекал

Тоневски со честитка до учениците во Пробиштип: Бидете љубопитни, храбри и истрајни

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, по повод почетокот на новата учебна година упати честитка до учениците, наставниците и родителите. Тоневски посочи дека училишното ѕвонче го означува почетокот на нова година исполнета

ЕУ подготвува поголеми вложувања во критични минерали – Македонија има само една активна инвестиција

Европската Унија планира во следниот седумгодишен буџет да одвои повеќе средства за зајакнување на сопствената независност во снабдувањето со критични минерали. Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, повика новата финансиска
Go toTop