Русија: Забраната за извоз на гориво останува во сила додека не се стабилизира домашниот пазар

September 28, 2023
1 min read

МОСКВА (АА) – Руската забрана за извоз на бензин и дизел-гориво ќе остане во сила сѐ додека на домашниот пазар не се стабилизираат залихите на гориво и цените, изјави денес рускиот министер за енергетика Николај Шулгинов, јавува руската агенција ТАСС, пренесува Анадолу.

Руската Влада одлучи на 21 септември да го ограничи извозот на бензин и дизел-гориво со цел да се балансира локалниот пазар.

Според зборовите на Шулгинов, Владата, институциите и релевантните компании ќе продолжат внимателно да го следат пазарот со цел да се одржи рамнотежата меѓу производителите и потрошувачите на рускиот пазар на гориво.

За таа цел руското Министерство за енергетика ја следи и испораката на гориво до земјоделските производители.

Шулгинов напомена дека очекуваат дополнително стабилизирање на пазарот и намалување на цените.

Русија, еден од најголемите светски производители на нафта, извезува околу 900.000 барели дизел-гориво и 100.000 барели бензин дневно. Лани извозот на дизел од земјата изнесуваше 35 милиони тони, а на бензинот 4,8 милиони тони.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Стоилковски: Дали Артан Груби ја уортачи Македонија со бугарски мафијаш кој се наоѓа во притвор?

Следно

МВР: Спроведена уште една од низата успешни акции во сузбивањето на нелегалната трговија со дрога

Latest from Blog

Нема докази за влијание: Одбиена иницијативата на Ристоска

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение
Go toTop