Османи за ФАЦ: Сè додека не станеме дел од ЕУ македонски граѓани ќе аплицираат за бугарски пасоши

September 28, 2023
1 min read

На прашањето дали постојат гаранции дека Бугарија нема да поставува нови барања по евентуалното усвојување на уставните измени, Османи во разговор за германскиот весник вели дека бугарската политика е толку несигурна што никој не може да знае што ќе донесе следниот ден

Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи во интервју за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЦ) вели дека најдобрата гаранција за зачувување на македонскиот идентитет е, по влезот во НАТО, земјата да стане членка и на Европската Унија (ЕУ), пренесува „Дојче веле“ на македонски јазик.

Министерот за надворешни работи на РС Македонија, Бујар Османи / Фото: Архива

Според министерот за надворешни работи, Северна Македонија е најмалтретираната земја во процесот на ЕУ.

На прашањето дали постојат гаранции дека Бугарија нема да поставува нови барања по евентуалното усвојување на уставните измени, Османи вели дека бугарската политика е толку несигурна што никој не може да знае што ќе донесе следниот ден.

„За жал, често сме биле разочарани, а динамиката во бугарската политика е толку несигурна што не се знае што ќе донесе утрешниот ден. Прилично сум сигурен дека Бугарија постојано ќе формулира нови барања. Но, за мене е важно што е на агендата на ЕУ, ништо друго“,

вели министерот за надворешни работи.

Тој вели дека земјава постигнала компромис со Бугарија – акциски план за малцинствата и оти сакаме темата да ја префрлиме од историски интерпретации и идентитетски прашања кон човековите и малцинските права, затоа што во тоа сме добри.

Ова, вели Османи, го кажува како човек кој не доаѓа од најголемата етничка група во С Македонија.

Земјава, посочува тој, изгради уникатен модел на функционална мултиетничка демократија, наспроти сите скептици кои сметаа дека на Балканот тоа не е можно.

Според шефот на дипломатијата, анкетите кои покажуваат дека големото мнозинство граѓани во земјава се против уставните измени се погрешно интерпретирани.

„Граѓаните го отфрлаат вметнувањето на идентитетско-политичките конфликти во процесот на проширување на ЕУ, но од претстојните уставни измени нема таква опасност, напротив“,

вели Османи, додавајќи дека тие „ќе ја зацврстат и прошират мултиетничката демократија“.

Османи вели оти е свесен за опасноста дека некои кругови во Бугарија ќе се обидат да ја злоупотребат ситуацијата на над 80.000 (според ФАЦ) македонски државјани кои поседуваат бугарски пасоши.

„Знам дека зад барањата за малцинските права стојат нечесни намери. Но, за мене поголема закана е дека сѐ додека нашите граѓани не се дел од ЕУ, тие ќе бидат принудени да аплицираат за бугарски пасоши од социјални и економски причини“,

вели Османи во интервјуто за ФАЦ.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Калининград повторно да биде Кенигсберг, барем на изговор

Следно

Стоилковски: Дали Артан Груби ја уортачи Македонија со бугарски мафијаш кој се наоѓа во притвор?

Latest from Blog

Меџити: Заедничкиот развој и стабилноста се во интерес на Македонија и Косово

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, во Старата скопска чаршија ја пречека претседателката на Собранието на Косово, Албулена Хаџиу. На средбата разговараа за добрососедските односи, институционалната соработка и

Над 11 милиони денари промет на Македонската берза, најтргувана Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 27.10.2026 заврши со благ пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.858,11 поени. Во

„Кромберг и Шуберт“ и Германската стопанска комора ја зајакнуваат соработката во Битола

Фабриката на „Кромберг и Шуберт“ во Битола ја посетија директорката на Германската стопанска комора во Северна Македонија, Антје Ванделт, и заменик-директорката Лара Крстева Ичоќаева. За време на работната посета се одржал состанок

Коњановски: Енергетска фасада и нов систем за греење за ОУ „Стив Наумов“ во Битола

Во битолското ОУ „Стив Наумов“ денеска беа извршени примопредавање и технички преглед на поставените топлински пумпи, кои треба да го заменат досегашното греење со екстра лесно масло. Во присуство на градоначалникот на

„Фајненшел тајмс“ предупредува на недостиг на бакар од 2028 година – Македонија има значајно наоѓалиште во Иловица

Светот се подготвува за недостиг на бакар што може да ги погоди некои од најважните индустрии, од обновливите извори на енергија и електричните автомобили до вештачката интелигенција и одбранбениот сектор. Во анализа
Go toTop