Во Северна Македонија се одржува конференција на иницијативата САД – Јадранската повелба

September 27, 2023
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Северна Македонија, како претседавач со САД – Јадранската повелба (А-5), денес е домаќин на 26-тата Конференција на началниците на генералштабови на армиите од земјите членки на оваа иницијатива, јавува Анадолу.

САД – Јадранската повелба (А-5) е иницијатива во која учествуваат САД, Северна Македонија, Албанија, Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина, додека како земји набљудувачи учествуваат Словенија, Србија и Косово.

Иницијативата беше формализирана во мај 2003 година кога Северна Македонија, Албанија, Хрватска и САД ја потпишаа Јадранската повелба, која имаше за цел прием на трите тогашни земји аспиранти во НАТО.

Црна Гора и Босна и Херцеговина официјално ѝ се приклучија на Јадранската повелба во 2008 година.

Со воведно обраќање, Конференцијата ја отворија претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, и министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

Претседателот Пендаровски во својот говор рече дека Јадранската повелба во голем степен ја има исполнето иницијалната цел.

Тој исто така рече дека оваа конференција се одржува во време на големи безбедносни предизвици за Европа, поттикнати од инвазијата на Русија врз Украина.

„Во моментов сме меѓу 5 држави членки на Алијансата според соодносот меѓу бруто-домашниот производ и воената и материјално-техничка помош која ѝ ја даваме на Украина во овој критичен период. Точно е дека војната во Украина може да потрае, но ние сме подготвени да продолжиме да помагаме, затоа што сметаме дека одбраната на Украина е одбрана на европскиот и меѓународниот поредок заснован на принципи“, рече Пендаровски.

Министерката Петровска во својот говор рече дека оваа година е јубилејна година во која се одбележуваат 20 години постоење на САД – Јадранската повелба, додавајќи дека иницијативата се докажа како успешен регионален механизам за јакнење на довербата меѓу земјите членки.

„Резултатите од дејствувањето и соработката на оваа иницијатива се повеќе од видливи и широко препознаени. Четири од постојните нејзини членки се полноправни членки на НАТО-алијансата, но заеднички придонесуваме и во поддршка на меѓународниот мир и во меѓународните операции“, рече Петровска.

Свое воведно обраќање имаа и началникот на Генералштабот на Северна Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, и командантот на Врховната сојузничка команда на НАТО за Европа, генерал Кристофер Каволи.

На Конференцијата присуствуваат началниците на генералштабови на армиите на Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора, како и високи воени раководители од Здружената команда на НАТО од Неапол и од Командата на САД за Европа.

Од земјите набљудувачи присутни се воени претставници од Словенија и Косово, а како гости на Конференцијата се командантите на националните гарди од сојузните држави на САД, кои се партнери на земјите од А5 и тоа: Вермонт, Минесота, Ајова, Мериленд, Охајо, Колорадо, Њу Џерси и Мејн.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

MARKETING

MARKETING

Претходно

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

Следно

Битиќи: Нашите стратешки партнери го забележуваат и поддржуваат нашиот прогрес кон Европската Унија

Latest from Blog

Претставување на невестата и зетот на годинашната Галичка свадба

Месната заедница Галичник и Пивара Скопје денеска на прес-конференција ќе ги претстават младенците за годинашната Галичка свадба и ќе ја соопштат програмата на манифестацијата.  Покрај невестата и зетот, кои ќе бидат облечени

ДУИ: Изгубени 40 милиони евра – неуспех на европската агенда на сите фронтови

Во сенка на големиот дебакл во Европскиот парламент, речиси незабележано поминува веста дека државата изгубила речиси 40 милиони евра од Планот за раст на Европската Унија.Овие средства не беа симболични.Тие беа наменети

Врховниот суд на САД ќе одлучува за учеството на трансродови лица во женски спортови

Врховниот суд на САД соопшти дека ќе ги разгледа првите случаи поврзани со учеството на трансродови лица во женски спортски натпревари – тема која предизвикува сè поголеми политички и правни поделби во

Зголемување од 2,3 проценти на запишани студенти во 2024/2025 во однос на претходната академска година

Во академската 2024/2025 година на додипломски (прв циклус) студии се запишале 53 535 студенти, што е зголемување за 2.3 проценти во однос на претходната 2023/2024 година, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).
Go toTop