Предлог-законот за амнестија доби „зелено светло“ од Владата, ќе важи и за македонски државјани осудени во странство, а се во затвор дома

September 26, 2023
2 mins read

Едиствената промена, од она што може да се забележи од соопштението од Министерството за правда, што е направена во содржината на предлог-законот, е амнестијата на лицата кои во странска држава направиле кривично дело, а казната ја издржуваат во земјава

Министерството за правда денеска преку писмено соопштение информира дека предлог-законот за амнестија, кој уште минатата недела се најде на владина седница, по што беше вратен на дополнително усогласување, добил „зелено светло“ на денешната седница на Владата.

За тоа дека предложениот закон ги претрпел потребните, како што вчера изјави премиерот, номотехнички усогласувања со секторот законодавство, денеска на прес-конференција потврди токму првиот човек на Владата.

„Тоа е направено во меѓувреме. Во текот на наредните два дена, министерот за правда Кренар Лога ќе има детален брифинг со претставниците на медиумите за овој закон, којшто истовремено ќе биде доставен до Собранието, што значи дека се работи за спроведена постапка. Министерот за правда, којшто ги знае сите детали во овој закон и за којшто тој веќе информираше и го имаше доставено на разгледување до пратеничките групи во Собранието пред да биде финално изготвен, ќе има детален брифинг со медиумите“,

рече премиерот Димитар Коваечвски на денешната прес-конференција.

Во денешното соопштение од Министерството за правда, во кое се информира дека предлог-законот сега ќе биде доставен во натамошна собраниска процедура, се објаснува за кого ќе важи предложената амнестија.

Едиствената промена, од она што може да се забележи од соопштението, што е направена во содржината на законот, е амнестија на лицата кои направиле кривично дело во странство, а казната ја издржуваат во земјава. 

Закнот за амнестија што го предлага Лога ги опфаќа македонските државјани кои се осудени од странски или меѓународен суд согласно кривичните закони на странска држава, а казната ја издржуваат во С Македонија откако пресудата е признаена од надлежен суд во земјава, согласно ратификуван меѓународен договор.

Останатите одредби од предлог-законот, согласно дописот од Правда, не се променети.

Па така, со законот се предлага целосно ослободување на лицата на кои им е изречена казна затвор до шест месеци, а за осудениците кои со правосилна пресуда се осудени на казна затвор поголема од шест месеци, се предлага ослободување од издржувањето на 30 отсто од целокупната казна.

Законот за амнестија не се однесува на лицата кои се осудени на доживотен затвор, за кривично дело убиство, за кривични дела против изборите и гласањето, против половата слобода и половиот морал, против државата, против човечноста и меѓународното право.

„Амнестијата нема да важи за кривичните дела злоупотреба на службената положба и овластување од член 353, несовесно работење во службата од член 353-в, сите од Кривичниот законик, за кривични дела против јавниот ред од членовите 394 до 394-г од Кривичниот законик, како и за кривични дела сторени при вршење на семејно насилство и родово базирано насилство“,

се наведува во соопштението на Министерството за правда.

Амнестијата нема да важи ниту за кривичните дела разбојништво, разбојничка кражба, измама на штета на средствата на Европската Унија, перење пари и други приноси од казниво дело, злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење во службата, примање поткуп, давање поткуп, давање награда за противзаконито влијание и за примање награда за противзаконито влијание, сите од Кривичниот законик.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

За Кацарска нема ништо страшно во тоа да се внесат Бугарите во Устав

Следно

Русите се враќаат во натпреварувањата на УЕФА

Latest from Blog

Пренасочување на сообраќајот поради пожарот во околината на Блаце, забрана за товарни возила

Поради настанатиот пожар над магистралниот пат А4 Скопје – Блаце кај тунелот кој се проши над магистралниот пат, сообраќајот е пренасочен за патничките возила, а во прекин е за товарните моторни возила.

Министерот за здравство да си ја гледа работата, а не да кажува како да известуваат новинарите

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) со загриженост ја следи јавната комуникација на Министерството за здравство, во која се упатуваат апели до медиумите кои се ограничувачки по својата содржина и претставуваат обид

Во тек е оглас за ангажирање на 400 пожарникари

Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека направени се промени кои ветуваат спремност во справувањето со пожарите и за разлика од минатото државата ќе биде проактивна, а не реактивна на ова поле. Покрај опремата

Мартин Костовски: Голема нервоза во белата палата, Петрушевски ме клевети со лаги за кои веќе има судска одлука

Во реакција на својот профил на Фејсбук на прес конференцијата на Бране Петрушевски, кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ, Мартин Костовски, порача: Голема нервоза во белата палата. Го извадиле Бране, човекот

Полска од полноќ воведува контроли на границата со Германија

Полска од полноќ воведува контроли на границата со Германија во обид да го спречи протокот на мигранти, пренесува ДПА. Портпаролот на полската гранична полиција Конрад Швед за новинската агенција ПАП изјави дека
Go toTop