Божиновска: Соларната енергија е сегашноста, но мора да има повеќе ред, планирање и предвидливост

September 23, 2026
1 min read

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска ја отвори петтата Годишна соларна конференција, во организација на Македонската соларна асоцијација – Солар Македонија, која ги обединува компаниите, инвеститорите и експертите од секторот на обновливите извори на енергија.

Во обраќањето пред учесниците, Божиновска порача дека соларната енергија повеќе не е иднина, туку сегашноста на македонската енергетика, но дека следната фаза мора да донесе повеќе ред, планирање и предвидливост.

„Не можеме да градиме обновливи капацитети побрзо од она што мрежата може безбедно да го прими. со новата регулатива и годишните планови Македонија создава предвидлив амбиент за инвестиции и сигурен енергетски систем. Планираме однапред, ја подготвуваме мрежата и создаваме услови новите инвестиции навистина да бидат функционални и одржливи“, порача Божиновска.

Таа посочи дека новата законска рамка за енергетика и обновливи извори поставува правила за пофер и попредвидлив инвестициски амбиент, но истовремено обезбедува и поголема заштита на енергетскиот систем.

Особено значаен нов механизам, како што истакна министерката, се годишните планови за развој на енергетската инфраструктура, преку кои однапред ќе се утврдува каде, кога и какви нови капацитети може да се развиваат, во согласност со реалните можности на мрежата.

„Сакаме да ставиме крај на пристапот ‘прво да изградиме, па потоа да бараме решение за мрежата. Паралелно со новите соларни и ветерни капацитети, Министерството работи на зајакнување и дигитализација на преносната и дистрибутивната мрежа, како и на развојот на батериското складирање. Иднината на обновливите извори не е само во тоа колку произведуваме, туку колку паметно ја користиме и ја складираме енергијата“, истакна министерката.

Божиновска посочи дека Македонија се подготвува и за следната генерација енергетски технологии. Со првата сеопфатна Водородна студија и новата енергетска инфраструктура се планира со поглед кон идните технологии. Како пример го посочи гасниот интерконектор со Грција, кој е проектиран со можност за иден транспорт на зелен водород.

Божиновска упати и јасна порака до инвеститорите дека државата останува отворена за нови инвестиции во енергетиката, но дека тие мора да се развиваат во рамки на јасни и еднакви правила.

„Вратата е отворена, но правилата мора да бидат јасни и еднакви за сите. Нашата задача е да создадеме систем во кој добрата инвестиција има сигурност, државата има контрола врз својот енергетски систем, а граѓаните добиваат сигурна и достапна енергија. Да ја градиме енергетиката на Македонија – со повеќе сонце, повеќе инвестиции, посилна мрежа и јасен план за иднината“,порача Божиновска.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Божиновска: Благодарност за искрената и конструктивна соработка со амбасадорот Лосон

Следно

Бугарија не дозволи влез на над два тона македонско кисело млеко

Latest from Blog

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Нов Зеланд, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на Северниот остров, на длабочина од 280 километри и

Берзански промет од 11,4 милиони денари, најголем интерес за Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 15.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.056,22 поени. Во однос

Коњановски: Руралната жена е силата на Пелагонија и чувар на традицијата

Улогата на жените во земјоделството, зачувувањето на традицијата и можностите за современо производство беа во фокусот на манифестацијата „Рурална жена – силата на Пелагонија“, на која денеска присуствуваше градоначалникот на Битола, Тони

Вчера донесе голема победа во Рим, а веќе денес се шпекулира дека ќе го напушти Реал Мадрид?!

Антонио Ридигер би можел да го напушти Реал Мадрид на крајот од сезоната, а како една од можните дестинации се споменува Тотенхем. Искусниот германски дефанзивец има договор со „кралскиот клуб“ до летото

Мицкоски: „Кромберг и Шуберт“ го проширува производството, очекуваме над 400 милиони евра извоз

Компанијата „Кромберг и Шуберт“ започнува нов инвестициски проект во Битола за производство на автомобилски компоненти за „Ауди“, со кој се планирани 2.000 нови работни места во следните четири години, соопшти премиерот Христијан
Go toTop