ХОРОР: Претседател на фудбалски клуб убиен по загубен натпревар

September 26, 2023
1 min read

Колумбискиот фудбалски второлигаш Тигрес соопшти денеска дека клупскиот претседател Едгар Паес е убиен во Богота, откако клубот загуби во саботата од Атлетико (2-3) во рамки на 13. коло во колумбиската Примера Б.

Според извештаите на локалните медиуми, 63-годишниот Паес по поразот на неговиот тим од Атлетико заедно со својата ќерка со автомобил се враќал дома, кога во близина на стадионот во Богота бил пресретнат од двајца мажи на мотор, кои пукале во него.

Неговата ќерка не е ранета во нападот, а Обвинителството соопшти дека истрагата во врска со убиството на Паес е во тек.

-Неговата посветеност кон тимот и развојот на спортот на нашите простори остави неизбришлива трага на сите кои имаа привилегија да го познаваат, соопшти Тигрес преку социјалните мрежи.

Фудбалската федерација на Колумбија изрази сочувство до семејството на Паес и клубот Тигрес.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Препукувања и надвикувања на комисиската расправа по Предлогот за прераспределба на буџетските средства

Следно

Кацарска за измените во кривичниот законик: Уставен суд ќе утврдува дали се уставни или не

Latest from Blog

Андоновски: До 2027 година Македонија целосно ќе се поврзе со Европскиот дигитален паричник

Македонија си постави амбициозна цел – до крајот на 2027 година да биде целосно интероперабилна со европскиот дигитален паричник. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во гостувањето во емисијата „Топ Тема“ на
Go toTop