Авганистан: Во Кабул пронајдено огромно складиште со оружје

September 26, 2023
1 min read

ИСЛАМАБАД (АА) – Огромно складиште за муниција е пронајдено во главниот град на Авганистан, Кабул, соопштија денес талибанците, јавува Анадолу.

Калид Задран, портпарол на полицијата на Кабул, изјави дека за време на изградба на пат во Кабул е пронајдено огромно складиште со тешко и лесно оружје и муниција.

Старото складиште за оружје е откриено за време на изградбата на пат во градот Кабул, напиша Задран на платформата X.

Тој додаде дека на местото се пронајдени илјадници парчиња лесно оружје, куршуми, ракети и мини под притисок.

Авганистан беше бојно поле со децении од советската инвазија во 1979 година до внатрешните судири меѓу ривалските групи во Авганистан.

Во 2001 година американските сили влегоа во Кабул со цел да се искорени терористичката мрежа Ал Каеда, да се фати нејзиниот водач Осама бин Ладен и да се собори тогашниот талибански режим по смртоносните терористички напади на 11 септември во САД. По 20-годишниот конфликт американските сили го напуштија Авганистан во август 2021 година.

Според американските медиуми, по повлекувањето од Кабул во 2021 година американските сили оставиле зад себе над 7 милијарди долари воена опрема во Авганистан – авиони, муниција воздух-земја, воени возила, оружје, опрема за комуникација и друго.

„Во периодот од 2005 година до август 2021 година САД им дадоа на Авганистанските национални одбранбени и безбедносни сили (ANDSF) опрема вредна вкупно 18,6 милијарди долари“, објави Си-ен-ен, цитирајќи го извештајот на американското Министерство за одбрана, поднесен минатата година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Дали власта ќе биде партнер во коцкање со бугарскиот тајкун попознат како Черепот?

Следно

ЈП Дрисла се соочува со казна од 120 илјади евра и 6 илјади евра за управителот, за загадување на Маркова река

Latest from Blog

ХАОС ВО ИТАЛИЈА – Градовите „паѓаат“ еден по друг, властите алармираат: ЗА ДВА ДЕНА ПОЧНУВА ПЕКОЛОТ

Министерството за здравство на Италија денеска соопшти дека 17 од 27-те најголеми италијански градови за два дена ќе бидат во црвена фаза на аларм поради горештините, како и дека топлотниот бран што

Божиновска: Енергетската стабилност е клучна за економски развој

„Енергетиката е сектор во кој успехот никогаш не е резултат на поединец. Таа бара партнерство. Партнерство меѓу институциите и компаниите, меѓу јавниот и приватниот сектор, меѓу економските интереси и јавната одговорност. Како

Берзански ден во црвено: МБИ10 се намали за 0,53%, Блок-трансакција од речиси 5 милиони денари ја одбележа денешната трговија на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 23.06.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.651,64 поени. Во однос на претходниот
Go toTop