Дали владата со потпис на Артан Груби ја отвори вратата за криминалните пари на бугарското подземје и ја стави Македонија во партнерство со бугарската мафија?, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Ова прашање се наметнува, владата тивко, со потпис на Артан Груби летово, дозволи отворање нови видео лотарии, односно онлајн коцкање.

Се работи  за три нови онлајн коцкарници, во партнерство со државната лотарија – односно со државата!

Државната лотарија во септември распиша оглас во којшто речиси е направен фоторобот на идниот партнер на ДУИ и СДС, и којшто во никој случај не може да биде домашна фирма.

Дали фирмата којашто партнерски ќе работи со владата во Македонија е онлајн коцкарницата 8888.бг, од Бугарија?Дали оваа фирма не е позната како фирма на бугарското подземје, на групацијата на познатиот Васил Бошков, т.н. Черепот, познат на законот во Бугарија, којшто живее во Дубаи?-прашува ВМРО-ДПМНЕ.

 

Кој е Васил Бошков- Черепот

Васил Божков е бугарски олигарх и главен идеолог и движечка фигура на Граѓанската платформа „Бугарско лето“. Тој најбогатиот Бугарин со богатство проценето меѓу 1 и 3 милијарди лева познат по прекарот Череп.

Божков има 63 години и неговите две приватни лотарии од една во Груија и обложувалници имаат годишен профит од над 200 милиони лева.Вози уникатен модел „Mercedes Maybach“ вреден 700.000 евра

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.