(ВИДЕО) Алијансата за Албанците почнува внатрепартиски консултации за влез во Владата

January 21, 2023
1 min read

Централното собрание го овласти претседателството на Алијансата за Албанците да формира комисија која во следните 6-7 дена, најмногу до две недели ќе разговара за евентуално вклучување во Владата, извести партискиот претседател Арбен Таравари , по завршувањето на состанокот.

„Имаше плодна дискусија, имаше некои мислат дека е добро да се биде во Владата, да се покаже поинакво владеење , да се покаже какви капацитети има Алијанса на Албанците, но имаше и членови на Централното собрание кои мислеа дека треба да се продолжи во опозиција“

рече Таравари.

Партиската комисија ќе има три до пет члена и ќе се формира на следниот состанок во текот на идната недела. За кадровски решенија не разговарале , туку за програмски, потенцира Таравари.

Да се донесат закони за ветинг на судии и обвинители, е еден од приоритетите на кои ќе инсистираат рече Таравари кој повтори дека нивниот фокус ќе биде на борба со корупција и правна држава.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Потер: Позитивен ден, освен фактот што не освоиме три бода

Следно

ВИСТИНСКА ЗИМСКА ИДИЛА – вечерва на овие места снегот не планира да престане да паѓа (ФОТО)

Latest from Blog

Божиновска: Стабилноста на енергетскиот систем е клучен приоритет

Во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини се одржа  ресорски состанок на којшто беа разгледани тековните активности во енергетскиот сектор. На состанокот, на којшто присуствуваа претставници од релевантните институции на полето

Мицкоски: Не смее да има селективна правда за случајот со мазутот

За премиерот Христијан Мицкоски одлуката на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција да ја запре истрагата за набавката на мазут за ТЕЦ Неготино е скандалозна. „ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ, веќе вложи жалба

Коњановски: Битола продолжува да ја поддржува светската детска ликовна колонија

Раководството на детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“ кое е организатор на Малиот Битолски Монмарт денеска имаше прием кај градоначалникот на Битола Тони Коњановски. Тие го информираа градоначалникот за подготовките на 45-то
Go toTop