САД: Трогодишно дете и две полнолетни лица се убиени во Флорида во кавга околу продажба на куче

September 24, 2023
1 min read

ЏЕКСОНВИЛ (АА) – Трогодишно дете и две возрасни лица се убиени доцна синоќа во станбен комплекс во Флорида за време на кавга која избувнала околу продажба на куче, соопштија властите, пренесува Анадолу.

Помошникот на шефот на канцеларијата на шерифот на Џексонвил, Џ.Д. Стронко, за новинарите изјави дека пет лица, вклучувајќи и едно дете, заминале во еден луксузен апартмански комплекс во саботата околу 22 часот по локално време, за да се состанат со некои лица во врска со продажба на куче.

Стронко соопшти дека притоа дошло до кавга, во која било користено и огнено оружје. Три лица смртно настрадале, а едно возрасно лице е рането. Сведоците на полицијата и изјавија дека двајца мажи избегале со автомобил.

Стронко информираше дека двајцата убиени и ранетото лице биле на возраст од 20 години.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Полиција на Косово: Убиен еден од напаѓачите во Бањска, затворени граничните премини Јариње и Брњак

Следно

Градежен работник пронашол починато лице на патот Охрид – Ресен

Latest from Blog

Нема докази за влијание: Одбиена иницијативата на Ристоска

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение
Go toTop