Вакцинацијата против сезонскиот грип почнува од средината на октомври, годинава набавена за 50 проценти поголема количина

September 22, 2023
1 min read

реклама



Министерството за здравство информира дека има набавено за 50 отсто поголема количина вакцини против сезонски грип. Вакцинацијата, како што најавуваат, ќе почне кон средината на октомври.

Од Министерството информираат дека денеска министерот за здравство Фатмир Меџити во Њујорк се сретнал со делегација на Работната група за глобално здравје, предводена од директорот на Партнерството за меѓународни иницијативи за вакцини (PIVI) Џозеф Брези и директорката за комуникации и развој, Аманда Болстер со кои било разговарано за актуелните предизвици и приоритети со цел унапредување на здравствените услуги.

реклама

Како што информираат од ресорното Министерство, Меџити се заблагодарил за досегашната соработка, истакнувајќи го значењето на обезбедената помош и поддршка за оваа година со 15.000 дози вакцини.

  • Соработката со PIVI започнува од 2018/19 година со лансирање на кампањата за бесплатна вакцинација на лица над 65 години за инфлуенца. Следни чекори што ни претстојат во склоп на оваа соработка, е развој на Националната програма за инфлуенца вакцинација, зголемување на бројот на вакцинирани кои спаѓаат во ризичните групи, развој на комуникациска стратегија наменета да ги таргетира овие ризични групи и зголемување на свесноста на популацијата и здравствените работници за вакцинацијата против инфлуенца, наведуваат од Министерството за здравство.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се степале две лица во автобус на ЈСП, употребиле и остри предмети!

Следно

Додека се чека Обвинителството да каже што по измените на КЗ, судските процеси течат со различен ритам

Latest from Blog

КАКО БИ САКАЛЕ ДА УМРЕТЕ?! Праша Reddit а одговите се… богами има и креативни

Неодамна на популарната социјална мрежа Reddit се појави прашање кое ги прави повеќето луѓе да се чувствуваат непријатно, но Србите покажаа неверојатен спектар на емоции преку своите одговори – од длабока поезија

Мистериозна ЖЕНА БО БЕЛО ШЕТА НИЗ БЕЛГРАД, сведоците и медиумите немаат објаснување!

Во текот на ноќта, жителите на Белград беа сведоци на морничави сцени на жена во бело кои се појавуваа на улиците. Снимките од социјалните медиуми документираа необјаснети сцени кои дополнително ја интригираат

Претседателот на Фенербахче на распит за поседување дрога

ФОТО: Sadettin Saran/FB Претседателот на турскиот гигант Фенербахче, Садетин Саран, е повикан на сослушување како осомничен во истрага за дрога. По давањето исказ пред обвинителите, 61-годишниот Саран е испратен во Одборот за
Go toTop