Сиријка бара да ѝ се врати синот киднапиран од терористите на ПКК/ЈПГ кои се поддржани од САД

September 22, 2023
2 mins read

ТЕЛ АБЈАД (АА) – EШРЕФ МУСА –

Сиријката Духаје ел Халил веќе 6 години бара да ѝ се врати синот кого како малолетник го киднапирала терористичката организација ПКК/ЈПГ во дистриктот Тел Абјад, во покраината Рака, а терористичката организација ја ужива поддршката на Соединетите Американски Држави (САД) во северниот дел на Сирија, известува Анадолу.

Терористите на ПКК/ЈПГ продолжуваат со практиката на регрутирање, киднапирање и одведување деца во камповите за принудна обука за користење оружје во северните региони на Сирија, што се под нивна окупација.

На децата им е забранет каков било контакт со семејствата, а едно од тие деца е Ала ел Халил, кој имал само 14 години кога е киднапиран од терористичката ПКК/ЈПГ во Тел Абјад во 2017 година.

Неговата мајка за новинарот на Анадолу раскажа дека Ала е киднапиран на патот кон училиште.

„Тој ден замина на училиште и повеќе не се врати. Насекаде го баравме. Нѐ лажеа дека не е кај нив. Татко му почина 12 дена по киднапирањето, сѐ поради тоа. Не знам ниту дали син ми е сѐ уште жив. Никој не го видел 6 години. Се разболев од тага по него“, рече мајката Ел Халил.

– Терористите ѝ рекле да го заборави синот –

Натажената мајка Духаје од плачењето по киднапираниот син има големи проблеми со видот. За празниците не прави свечен ручек, расплакана и сама, чува неколку парчиња облека што ѝ останале од синот Ала.

„Ја чувам оваа облека, ме потсеќа на него. Сакаше слатко. Откако го нема, во куќата не внесов ниту коцка шеќер. Толку ми недостасува што го запоставив другиот син“, рече таа низ солзи.

Во октомври 2019 година Ел Халил повторно им се обратила на терористите на ЈПГ, кои се собирале во нејзиниот кварт, и ги прашала за судбината на нејзиниот син.

„Ми рекоа да го заборавам, бидејќи тие го зеле и дека е во планина“, рече Ел Халил.

Таа ги повика меѓународните организации за човекови права да ѝ помогнат да го врати својот син.

– Документирање на присилното вооружување на децата од страна на терористите на ПКК/ЈПГ –

Вирџинија Гамба, специјалната претставничка на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, се состана со водачот на ПКК/ЈПГ, Ферхат Абди Шахин, со кодно име „Мазлум Абди“, во Канцеларијата на ОН во Женева на 29 јуни 2019 година и на официјална церемонија потпиша акционен план за ставање крај на практиката за користење на деца борци во рамките на организацијата. Туркије поради овој настан испрати протестна нота до ОН.

Во својот извештај објавен на 16 јануари 2020 година, Советот на ОН за човекови права наведе дека терористите на ПКК/ЈПГ ги користат децата како „воини“ во Сирија.

Регрутирањето на децата од страна на терористичката организација ПКК/ЈПГ и нивното користење во борбите исто така е ставено на дневен ред заедно со „Извештајот за трговија со луѓе за 2020“, што го објави американскиот Стејт департмент на 26 јуни 2020 година.

„ЈПГ продолжува под присила да регрутира и да користи 12-годишни девојчиња и момчиња од бегалските кампови во северозападниот дел на Сирија“, се наведува во извештајот.

Во Годишниот извештај за децата во вооружените судири, што го подготвија ОН за периодот јануари – декември 2022 година, се наведува дека терористичката организација ПКК и нејзините сириски ограноци, СДФ и ЈПГ, користат над 1.200 деца како „војници“.

– Да се престане со користењето на децата како војници –

Во извештајот се наведува дека сирискиот огранок на ПКК, СДФ, регрутирал 637 деца, а структурите поврзани со ПКК/ЈПГ и СДФ регрутирале уште 633 деца.

Генералниот секретар на ОН, Гутереш, исто така даде изјава во врска со овој извештај.

„Исклучително сум загрижен поради користењето на децата како војници од страна на ЈПГ/ПКК. Ги повикувам да престанат да ги користат децата како војници и за други намени и да ги ослободат сите деца кои се во нивните редови“, порача Гутереш.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ескобар: Македонските закони не треба да бидат усогласени само со Уставот, туку и со ЕУ

Следно

Нагелсман потпиша – селектор на Германија само до ЕП 2024

Latest from Blog

Проданоски и Андоновски на настан за дигитална безбедност во Прилеп

Прилеп денеска беше одбележан Меѓународниот ден на побезбеден интернет – 11 февруари, со настан што се одржа во ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“, во присуство на министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски,

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Венко не само што се инволвирани во трговијата со дрога, очигледно претерано ја конзумираат

Ако подетално се погледнат прес-конференциите и заклучоците на СДС, ќе се дојде до сознание дека не само што нивни структури се поврзани со трговијата на марихуана туку се активни конзументи на истата,

Стратешкото партнерство со САД е двигател за енергетскиот развој, вели Божиновска

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска остварила средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во земјава, Никол Варнес. На средбата се разговарало за продлабочување на
Go toTop