Град Скопје избран од ЕУ за Европска престолнина на културата за 2028 година

September 20, 2023
1 min read

Програмата почнува да се имплементира уште во јануари 2024 година и во текот на следните години обединети националните и европските уметници ќе учествуваат на стотици културни настани кои ќе кулминираат во 2028 година, вели градоначалничката Данела Арсовска

Град Скопје е избран да биде Европска престолнина на културата за 2028 година. Одлуката беше соопштена денеска во Куќата на европската историја во Брисел.

 „Култура над поделба“ беше слоганот на програмата со која Скопје се претстави пред ЕУ и го победи вториот финалист, градот Будва од Црна Гора.

„Тимот посветено работеше на културна промоција претставувајќи ја програмата во различни области, иновативните идеи и концепти со кои Скопје ќе се најде на мапата како Европска престолнина на културата за 2028 година. Овој избор е престижно признание за сите нас, Скопје е дел од Европа, а Европа во годините кои следат до 2028 година ќе се обедини со Скопје низ призмата на културата и уметноста. Нашата визија, која победи денес ги вклучува младите и креативните индустрии, поврзани со екопрактики како иновација во сите процеси и културни настани кои ќе се одвиваат 365 дена во Скопје. Програмата почнува да се имплементира уште во јануари 2024 година и во текот на следните години обединети националните и европските уметници ќе учествуваат на стотици културни настани кои ќе кулминираат во 2028“,

рече градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, по соопштувањето на одлуката.

Процесот за кандидатурата на Скопје за оваа престижна титула се одвиваше неколку години. Во тој процес беа вклучени градските и државните културни институции, многу активни чинители од областа на културата и експерти.

Поддршка за кандидатурата Град Скопје доби од министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, Владата, претседателот Стево Пендаровски и други државни институции.

Според министерката Костадиновска-Стојчевска, да се биде престолнина на културата е можност за анимирање многу општествени, културни и економски капацитети и придобивки на Градот Скопје и на целата држава. 

За градовите да станат европска престолнина на културата, постапката за избор се спроведува во два круга: предизборен круг, по што се составува потесен список на градови кандидати и девет месеци подоцна – финален изборен круг. Откако ќе биде предложен потесен список на градови, во втората фаза Европската комисија официјално го назначува градот кој ќе биде избран со титулата Европска престолнина на културата.

Градовите кои ќе поднесат апликација треба да подготват културна програма со силна европска димензија, а мора да имаат трајно влијание и придонес за долгорочен развој на градот. Градовите, исто така, мора да покажат дека имаат поддршка од релевантните јавни локални власти и капацитет за реализација на проектот (тим и инфраструктура).

Европска престолнина на културата е програма на Европската комисија започната во 1985 година. Во периодот од 1985 до 2021 година оваа титула е доделена на околу 60 града од 30 земји од Европа, меѓу кои се повеќе градови од Југоисточна Европа, а од 2021 година и на градови од земји кандидатки за Европската Унија.

Целта на програмата е да се промовира различноста на културите во Европа, да се истакнат заедничките карактеристики и да се поттикне придонесот на културата во долгорочниот развој на градовите.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Се ладат и најпроукраинските конгресмени

Следно

КЗБ препорачува задолжително носење маски во здравствените установи

Latest from Blog

Битола ќе добие нова енергија – ВМРО-ДПМНЕ ја откри советничката листа!

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ја претставија својата советничка листа за Битола, нагласувајќи дека нудат комбинација од континуитет, искуство и свежа енергија за новата голема победа. „Остануваме посветени на Битола, продолжуваме искрено, вредно и

ТРЧАЈ БЕ 2025 – големи спортски настани во Битола

СВР Битола заради одржување на спортската манифестација ТРЧАЈ БЕ 2025, во чии рамки годинава ќе се одржи и Националното првенство во полумаратон, на ден 14.9.2025 година (недела) во Битола, во временскиот период

Влада на Косово: Односите со САД остануваат стабилни, ги поздравуваме критиките

На „Фејсбук“, Криезиу истакна дека Косово е „најсериозен партнер на САД за стабилност и мир во регионот“. Тој додаде дека Владата, по првпат од прогласувањето на независноста, го исполнила мандатот, придонесувајќи за

Првпат во Македонија: Пациентите добиваат лесно достапна ласерска интервенција за варикозни вени

(Скопје,13.09.2025) — Во Македонија од денеска е достапен третман кој претставува вистински напредок во понудата на медицински услуги – ласерска интервенција за аблација на варикозни вени. Станува збор за најсовремена технологија која
Go toTop