(ВИДЕО) Ново издание на 360°: Интервју со Ахмети за уставните измени, „планот Заев-Мицкоски“, семејните бизниси…

September 19, 2023
1 min read

Погледнете го новото издание на емисијата „360 степени“, емитувано на 18 септември 2023 г. на МРТ 1, во кое гостува претседателот на ДУИ, Али Ахмети

Во првото издание од десеттата сезона на „360 степени“, која се емитува на Првиот програмски сервис на МРТ, гостуваше лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети. Во интервјуто кое го снимивме во седиштето на ДУИ во Мала Речица, со Ахмети разговараме на повеќе теми: уставни измени, (не)поврзаноста на измените на Кривичниот законик со евентуално политичко реактивирање на Груевски, „планот Заев-Мицкоски“, „хибридниот политичко-економски центар што работи против ДУИ“, влијанието на ДУИ во судските и обвинителските структури, политичката моќ на Артан Груби, случајот со запалената „позајмена“ кола, разделбата со Изет Меџити, влијанието во изборот на подизведувачи на „Бехтел и Енка“ во изградбата на автопатите…

Дел од прашањата до Ахмети се за бизнисите на членови на неговото најблиско семејство – пред се, на зетот Куштрим Смајлај (сопруг на ќерката на Али Ахмети – Ускана) и неговата поврзаност со Ерџан Сулкоски, а преку тоа и со увозот на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино, зделка со државата тешка повеќе од сто милиони евра.

Видете ја и новата „Саботажа“.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Француски ски-центри трајно затвораат заради немање снег

Следно

Фановите на Њукасл лудуваа на дождот во Милано (ВИДЕО)

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop