Над 200 мигранти спасени кај островите во Егејското Море, еден е пронајден мртов

September 5, 2023
1 min read

Грчката крајбрежна стража спаси 201 мигрант кај егејските острови Родос, Фармакониси, Хиос, Самос и Лезбос во последните два дена.

-Беше пронајдено и тело на маж кој загина додека се обидуваше да стигне до малиот остров Фармакониси, соопшти денеска крајбрежната стража, додавајќи дека сите мигранти дошле од Турција.

Бројот на мигранти кои нерегуларно влегуваат во Грција од Турција во последно време нагло се зголеми. Според грчкото Министерство за миграција, од 3 септември 9.137 луѓе живееле во кампови за азил на островите Лезбос, Хиос, Самос, Лерос и Кос.

Според Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР), бројот на бегалци во Грција е зголемен оваа година во споредба со минатата година. Според извештајот, 18.594 лица пристигнале во Грција од Турција по копно или по море до 31 август, речиси колку и во цела мината година кога нередовно влегле 18.700 лица.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Отворен архитектонски конкурс „Скопје на новата генерација“

Следно

Портпаролот на Европската комисија: Земјите од ЕУ ќе одлучат како да продолжат со дијалогот Србија-Косово

Latest from Blog

Двајца рудари од Булмак 2016 меѓу најдобрите во Македонија: Признанија за Цеков и Ѓоргиевски

Посебна чест за компанијата е што двајца рудари од Булмак се меѓу наградените за најдобри рудари на национално ниво, на свеченоста што се одржа во Хотел Александар Палас во организација на Министерството

Ова го има само во Норвешка: Бодо/Глимт во вторникот играше во плеј-офот во ЛШ, а утредента во националниот Куп!

ФОТО:.facebook.com/Glimt1916/ И дефинитивно ова го има само во Норвешка. Имено во вторникот Бодо/Глимт играше во плеј-офот во ЛШ против НЕЦ Нијменген и успеа да се пласира во елитната европска лига, а веќе

Божиновска: Во центарот на рударството мора да остане човекот, неговата безбедност и достоинство

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) го одбележа Денот на рударите – 28 Август, со порака дека идниот развој на македонското рударство треба да се темели на поголема безбедност, модернизација,

Меџити: Го менуваме Чаир со конкретни инфраструктурни проекти

Улицата „Ферид Мурад“, една од поважните сообраќајници во Чаир, денеска се асфалтира на најголем дел од трасата, со што се привршува нејзината целосна реконструкција, објави Изет Меџити. Според Меџити, со поставувањето на

Израел ги протерува британските функционери?

Израел размислува да ги протера британските функционери од Меѓународниот центар за поддршка на Газа, мултинационалното седиште под американско раководство кое го следи примирјето меѓу Израел и Хамас, објавува „Фајненшл тајмс“ (FT), повикувајќи
Go toTop